Атос Лето 2020

Вила Џули 1 Јерисос

Јерисос е едно од најголемите туристички места на полуостровот Халкидики. Градот во кој живеат повеќе од 3000 жители има долга, песочна плажа која има ‘сино знаме’ за чистота и шеталиште со таверни, кафетерии и атракции за најмладите. Од Јерисос секојдневно се организираат крстарења околу Света Гора и островот Амулиани.

Лето 2020

 

Јерисос

 

Вила "Tzouli 1"

 

 

 

Вила "Tzouli 1" се наоѓа на одлична местоположба, на само 80 метри од плажата. Капацитетите се зад и над bakery ‘Julie’ (најдобрата пекара во местото), спроти caffe bar ‘Public’. Целата вила располага со вкупно 6 сместувачки единици :

дуплексот број 1 и апартманите број 2 и 3 се на прв кат над пекарата со големи тераси.

студиата број 4, 5 и 6 се едно до друго на високо приземје зад пекарата со сопствен уреден и заграден заеднички двор со маси, столови и чадори за сонце за секое студио посебно.

Сите се опремени со многу пристоен мебел, сопствени тоалети, целосно опремени големи кујни, маси и столови на секоја тераса како и во секоја кујна внатре . Користење на клима уредот и интернет (wi-fi) се вклучени во цената. Веднаш до вилата има паркинг (не е сопствен).

1/5 + 1 дуплекс апартман број 1 - со 1 стандарден + 1 на извлекување и кревети на спрат (bunk) во една спална соба, 1+1 стандардни единечни кревети во друга спална соба и посебна дневна соба со одлична кујна и фотеља. Има 2 тераси : една поголема споена со дневна и едната спална и друга помала од другата спална соба. Терасите имаат лимитиран поглед море.

1/4 + 1 апартман број 2 - 1+1 стандардни единечни кревети во спална и 1 стандарден + 1 на извлекување и софа во дневна соба споена со кујна. Од двете простории се излегува на заедничка голема тераса со поглед кон улица.

1/4 + 2 апартман број 3 - 1+1 стандардни единечни кревети во спална како и 1 стандарден + 1 на извлекување и софа на пуштање во дневна споена со кујна. Од двете простории се излегува на заедничка голема тераса со поглед кон двор.

1/2 + 1 студио број 4 - 2 единечни стандардни кревети со можност за дополнително помошно легло.

1/3 + 1 студио број 5 - брачен кревет + кревети на спрат (bunk).

1/3 + 1 студио број 6 - брачен кревет + 1 стандарден + 1 стандарден на извлекување.

 

 

*** Ценовници валидни од 26.06.2020 *

 

 

 

 

 

   Термин   

Бр. на

 ноќевања 

1/2+1

студио 

1/3+1

студио 

 1/4+1

апартман 

1/4+2

апартман 

1/5+1

дуплекс 

 05.07 – 12.07  

7

299

309

379

389

419

12.07 - 19.07

7

319

329

389

409

429

19.07 - 26.07

7

339

349

419

439

459

26.07 - 02.08

7

339

349

419

439

459

02.08 - 09.08

7

349

359

449

459

479

09.08 - 16.08

7

349

359

449

459

479

16.08 - 23.08

7

349

359

449

459

479

23.08 - 30.08

7

349

359

449

459

479

30.08 - 06.09

7

279

289

329

339

379

06.09 - 13.09

7

269

279

319

329

369

13.09 - 20.09

7

259

269

309

319

359

20.09 - 27.09

7

249

259

299

309

339

27.09 - 04.10

7

239

249

289

299

329

 

 

 

 

Напомени и услови:

ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛИТЕ СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА СТУДИО ИЛИ АПАРТМАН ЗА 7 НОЌЕВАЊА, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз. Во студио / апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број (во одредени капацитети) може да се смести максимум едно дете до 5,99 години во кревет со возрасен.

Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.

Магелан Травел Сервис организира превоз и истиот се доплаќа:
- За возрасни над 12год = 2.170 мкд. (35 евра), еден правец 1,550 мкд. (25 евра)
- За деца до 11,99 години = 1.550 мкд. (25 евра) еден правец 1,240 мкд. (20 евра)
- Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште

Тргнувањето е на денот објавен во табелата. Тргнувањето од Куманово е во 02:45 часот наутро пред ‘Скара кај Жмара’.

Тргнувањето од Скопје е во 04:00 часот од Дрводекор (спроти хотел Холидеј Ин), состанок на групата е во 03:30 часот.

Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на тргнување. Ве молиме минимум 24 часа пред секое тргнување да се информирате за потврда за времето и местото.

Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената (информации во агенција).

Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1евро=62мкд).

За уплата на две смени, одобруваме 10% попуст на втората смена. Напомена: понудата важи исклучиво за редовните цени.

Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст. Попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.

Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разликата во цена.

Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна до 7 дена пред терминот на поаѓање.

Сместување во собите е по 14.00 часот, а напуштање на истите е до 09.00 часот локално време.

За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на вашиот престој должни сте да ја оставите собата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.

Туристичката такса се плаќа на лице место кај претставникот на агенцијата или пак на сопствениците на објектите, истата изнесува 0,50 евра на ден по студио/апартман.

Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Одлуката за доплата на клима-уред, интернет и слично, кај одредени сместувачки капацитети е на сопствениците на објектите, Магелан Травел Сервис НЕ МОЖЕ да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда. Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.

Секој патник има обврска да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во Т.А. „ Магелан Травел Сервис “ и на самата агенција и поради кои НЕ МОЖЕ да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.

 

 

 

Галерија