Будимпешта - автобус - Нова Година 28.11.2014

 

 

 

 

 

 

Нова Година Будимпешта

 

 

 

5 дена/ 3 ноќевања – автобус

 

 

 

 

28. Декември (четврток) СКОПЈЕ - БУДИМПЕШТА

Состанок на групата во паркингот пред хотелот „Холидеј ин“ во 17.30 часот. Поаѓање за Будимпешта во 18.00 часот. Се патува преку Србија со кратки попатни паузи за одмор и царински формалности. Ноќно возење.

 

 

29. Декември (петок) БУДИМПЕШТА

Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Панорамско разгледување на градот со локален водич: Споменикот на Милениумот, Операта, улиците Ваци, Андраши, Ракочи, Парламентот, црквата „Св. Стефан“, мостовите на Дунав, Будим, Цитаделата, Кралската палата, црквата „"Св. Матејас“, Рибарската тврдина... Сместување во хотел. Предлагаме, факултативно крстарење со брод по Дунав, потоа факултативно-вечера во традиционална унгарска чарда со богата фолклорна и музичка програма и специјалитети од унгарската кујна. Ноќевање.

 


30. Декември (сабота) БУДИМПЕШТА - ВИЕНА

Појадок. Целодневен факултативен излет до Виена. Панорамски разглед на градот: Рингштрасе, Катедралата Св. Стефан и Штефанплац, Бургтеатар, Музејскиот кварт, Палатата Хофбург, Дворецот Белведере, Операта, Гратското Собрание Ратхаус, Катедралата Фотиф, Парламентот, Универзитетот... можност да се проба виенска шницла во некој традиционален ресторан. Посета на шопинг центарот Парндорф. Враќање во Будимпешта во вечерните часови. Ноќевање.

 


31. Декември (недела) БУДИМПЕШТА

Појадок. Можност да ја почувствувате новогодишната магија по познатите монденски улици во центарот на Будимпешта. Вечерта, дочек на Новата 2018 година на плоштадот Matijash Pince. Враќање во хотел. Ноќевање.

 


01 Jануари (понеделник) БУДИМПЕШТА - СЕНТ АНДРЕА – СКОПЈЕ

Појадок. Факултативна посета на живописното гратче Сент Андреа, во близината на Будимпешта, во кое се негуваат старата архитектура и народните ракотворби, и кое е богато со голем број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви. Поаѓање за Скопје во пoпладневните часови. Се патува преку Србија, со куси попатни паузи. Ноќно возење. Пристигнување во Скопје следниот ден во раните утрински часови.

 

 

 

За комплетни уплати до 25.11.2017:

9.860 мкд (159 евра)


Цена на аранжманот:

11.100 мкд (179 евра)

 

 

 

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Превоз со модерен туристички автобус на наведената релација.

  • Сместување во Будимпешта во хотел 3*** на база 3 ноќевања со појадок.

  • Разгледување на Будимпешта со стручен локален водич.

  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето.


ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Крстарање со брод по Дунав 15 евра

  • Посета на Виена 35 евра (за минимум 30 патници)

  • Посета на Сент Андреа 10 евра

  • Влезници за музеите и културно-историските споменици.

  • Задолжително патничко-здравствено осигурување

  • Доплата за еднокреветна соба 4.650 денари

  • Дете од 0-5,99 год. плаќа 3.100 денари (без кревет), дете од 6 -11,99 год. 20% попуст (на дополнително легло). Попустите за деца важат само при сместување со две возрасни лица.


НАПОМЕНИ:

За реализација на аранжманот е потребен минимум од 45 патници.

За овој аранжман важат Општите услови за патување на Т.А.Магелан Травел Сервис и СКТМ.

Уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62,00 денари.

За резервација на аранжманот потребна е аконтација од мин.30%, целосна уплата се врши најдоцна 7 дена пред поаѓање.

Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најкасно 7 дена пред поаѓање!

Патникот има обврска да се јави во агенција 24 часа пред патувањето за да потврди термин и час на поаѓање.

Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето.



Галерија
ПРЕБАРАЈ ПОНУДИ
СПЕЦИЈАЛНА ПОНУДА !!! Нов 5-ѕвезден хотел во подножјето на Пирин планина. Луксузниот стил создава пријатна,спокојна и опуштена атмосфера. Идеално место за опуштање со своите два ресторани, лоби барот и СПА Центарот.
Срцето на Краков, дворецот Wawel, катедралата Св.Станислав и Вацлави и кралевскиот дворец од XIV век. Пешачкиот дел опфаќа разглед на главниот плоштад и еден од најголемите средновековни плоштади во Европа, каде се наоѓаат споменикот на Адам Мицкјевиќ познат полски поет, готската црква Св. Марија, Флоријанкса улица, Еврејскиот дел Казимерц...
Будимпешта, убавица на Дунав - споменикот на Милениумот, операта, улиците Ваци, Андраши, Ракочи, парламентот, црквата Св. Стефан, мостовите на Дунав, Будим, Цитаделата, Кралската палата...
Истанбул, приказна од Ориентот - Аксарај, Бејазитовата џамија, Универзитетот, Лалели Џамијата, Римскиот Аквадукт, Златен Рог, Хотелот Пера Палас (каде Агата Кристи го напишала светски познатиот роман Ориент Експрес), плоштадот Таксим, Бешикташ стадионот, Галата кула, Египетскиот пазар, Јени џамија, Рустем Пашина Џамија, Патријаршијата, Фатих џамија...
Грузија е земја на митови и легенди. Во неа според грчките митови Јасон со Арнаутите го пронашол златното руно, а Зевс го приковал Прометеј. Според библиските легенди Новата арка застанала на планината Арарт. Од тројцата синови на Ное, Сем, Хем и Јафет, кои се разделиле кога потопот завршил, Јафет останал на Кавказот.
Понуди на вашиот Е-Маил
Контакт

Улица."27 Март" бр.3
1000 Скопје Македонија

тел/факс: +389 02 / 3132312
тел: +389 02 / 3109448

e-mail:
[email protected]
[email protected]

Има моментално присутни.