Санторини - Свети Кирил 04.03.2015






 

 

 


Св.Кирил и Методиј

САНТОРИНИ

НАЈРОМАНТИЧНИОТ ОСТРОВ НА СВЕТОТ

 

 

 

 


ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:

189 ЕУР/ 11.720.00 ДЕН

 

 

 

 

 

1. Ден : 23. 05. Среда , Скопје – Санторини

Состанок на групата на паркингот спроти хотел Холидеј Ин во 15:30ч.

Поаѓање на автобусот во 16:00ч, се патува преку граничен премин Богородица/Гевгелија со куси попатни паузи и царински формалности. Патувањето продолжува (ноќно возење) према Атина/Пиреа.

 

 

 

2 .Ден : 24. 05. Четврток,

Пристигнување на пристаниште Пиреа во раните утрински часови, чекирање и сместување на брод.

Поаѓање од пристаниште во 07:25ч, и пловење за Санторини.

Пристигнување на Санторини во 15.30ч. Трансфер од пристаниште до сместувањето во Хотел.

Време за краток одмор, и слободни активности. Во вечерните часови во договор со групата и нашиот водич посета/вечера во некоја од таверните во Фира и прошетка низ ФИРА главниот град на Санторини, местото на светлината и шармот на островот, каде ќе имаме можност за ноќно фотографирање. Во полноќните часови со нашиот автобус враќање во Хотел. Ноќевање.

 

 

 

3. Ден : 25. 05.Петок,

Појадок.По појадокот, околу 10 часот заминување на факултативна целодневна екскурзија и разглед на островот, со залез на сонце во OIA. Посета на Фира, Археолошки град Акротири, црвената плажа(Red Beach), Манастирот St.Ilijas, Калдера. Во вечерните часови посета на OIA каде што ќе се види најубавиот залез на сонцето. По залезот на сонцето враќање во хотел, време за одмор, индивидуални активности и индивидуална прошетка и посета на некои од таверните и ноќните барови во Камари. Ноќевање.

 

 

 

4.Ден : 26.05.Сабота,

Појадок. По појадокот околу 09 часот поаѓање на факултативна екскурзија крстарење со традиционален брод во траење од 5 часа (Крстарање по калдера и посета на новиот вулкан – ПЕС(за влез на вулканот задолжителна доплата од 2,5 еур) од каде што се гледаат сите седум кратери. Можност за капење во топлите води на стариот вулкан, посета на островот Тирасија и слободно време за индивидуален ручек во некоја од таверните. Враќање на пристаниште и трансфер до хотел, слободно попладне, можност за плажа, слободна вечер. Ноќевање.

 

 

 

5.Ден : 27. 05. Недела,

Појадок. Напуштање на собите во 11:00ч. Факултативна посета на најубавата и една од таков вид винарија во Грција.G. Koutsoyannopoulos Winery - Wine Museum, која датира од 1600-та година и се наоѓа 8 метри под земја(во природна карпа) во дожина од 300- та метри, поврзана со подземни простории во кои се гледаат (со анимации) презентации за историјата на виното. Во историјата на оваа винарија прикажани се сите четиринаесет генерации на производители на вино, од нејзиниот почеток до денес, посетата на винаријата завршува со дегустација и презентација на четирите најпознати вина кои што се произведуваат во оваа винарија, односно на Санторини. По посетата на винаријата, (можна посета на градот Фира се до поаѓање околу 14ч до трансфер до пристаниште), чекирање и сместување на брод. Поаѓање за Пиреа во 15:25ч. Ноќно пловење према Пиреја/ Атина. Пристигнување на пристаниште на Пиреја околу 23:30ч. по локално време.

 

 

 

6.Ден 28.05. Понеделник,

Патувањето продолжува со автобус од Пиреја према граничен премин Евзони, со попатни паузи. Пристигнување во Скопје во утринските часови.

 

 

 

Цената вклучува :

* Превоз со високо туристички автобус(кој е на располагање и на Санторини)

* Три ноќевања со појадок во Камари, Периса, Периволос или Влихада хотел 3*/ 2*

* Бродска карта , Пиреја – Санторини – Пиреја

* Трансфер пристаниште - хотел – пристаниште (со истиот автобус со кој патуваме)

* Пратител и водич од Агенцијата

Цената не вклучува, факултативи по програмата

*Вечерна посета на Фира главниот град на Санторини(втор ден ) = 5 еур

* целодневна екскурзија и разглед на островот (автобус+ водич, ден 3 ти по програмата) =35еур

* целодневна екскурзија со брод (автобус+ водич+брод, ден 4 ти по програмата) =35 еур

* посета на винарија (автобус+водич+влезница за винарија, резервација и дегустација на вино- 5 ти ден по програмата) =18 еур

* Ручек/вечера (Фира/Камари/индивидуално по желба на патниците )

* Задолжително здравствено патничко осигурување

 

 

Напомена :

Плаќање во денарска противредност 1еур = 62 МКД

За реализација на овој аранжман потребен е минимум број од 40 патници.

Агенцијата го задржува правото за промена на денот и часот за бродското пловење доколку има промени од страна на бродската компанија, воедно го задржува правото за промена на редоследот и часот за факултативните излети, и отказ на аранжманот од страна на агенцијата 7 дена пред поаѓање.

За овој аранжман важат општите услови на Т.А. Парадизо Флај.


 

Галерија
ПРЕБАРАЈ ПОНУДИ
АПРИЛСКА ПРОМОЦИЈА !!! ПЕФКОХОРИ ВИЛА КОНСТАНТИН Лукс
Хотели Грција за 1-ви Мај и Св. Кирил. Гранд Отел - Ханиоти Калипсо - Ханиоти Тропикал - Ханиоти Ал Маре - Полихроно
Приватно сместување во Ханиоти.
Понуди на вашиот Е-Маил
Контакт

Улица."27 Март" бр.3
1000 Скопје Македонија

тел/факс: +389 02 / 3132312
тел: +389 02 / 3109448

e-mail:
[email protected]
[email protected]

Има моментално присутни.