Крстарење - Москва - Санкт Петербург 15.01.2011





Крстарење Москва – Санкт Петербург

 

 

8 дена / 7 ноќевања со полн пансион

 

 

 

 

Ден 1-2 - Москва

Добредојдовте во руската престолнина – Москва Автобуска тура за разглед на Москва каде се гледаат најзначајните знаменитости во градот. Ручекл во еден од градските ресторани. Посета на Кремлин – историскиот утврден комплекс кој служи како официјална резиденција на претседателот на Русија. Прошетка по плоштадот и посета на една од црквите во близина. Качување на брод и почнување на патувањето за Санкт Петербург.

 

 

Ден 3 – Углич

Пристигнување со бродот до Углич. Прошетка низ градот кој постои повеќе од 1000 години и посета на историските градби. Посета на црквата Светото Преображение и на црквата Свети Димитрија крвав која е изграден на местото каде е крваво убиен принцот Димитриј – син на рускиот цар Иван Грозни. Качување на брод и продолжување на пловењето понатаму.

 

 

Ден 4 – Горици

Пристигнување на бродот во Горици. Се оди на тура до манастирот на Свети Кирил кој се наоѓа на брегот на Белото езеро. Овој манастир е еден од најголемите, најбогатите и најпознати манастири во Русија. Граден во периодот на 15-ти и 17-ти век. Се посетуваат одаите на архимандритот и се посетува музејот на икони. Продолжување на крстарењето со бродот.

 

 

Ден 5 – Кижи

Пристигнување со бродот на езерото Онега. Се рагледува дрвената архитектура на Кижи. Дрвената архитектура на Кижи е заштитена од УНЕСКО како светско културно наследство. Продолување на пловидбата.

 

 

Ден 6 – Мандрогуј

Пристигнување на бродот во градтчето Мандрогуј. Целото гратче Мандрогуј е изграден како илустрација на традинционалниот животен стил на историска Русија. Се организира скара на отворено каде се пробува традиционалниот руски шишкебап. Продолжување на пловидбата до Санкт Петербург.

 

 

Ден 7 – Санкт Петербург

Пристигнување со бродот во Санкт Петербург. Автобуска тура за панорамско разглед на знаменитостите во градот. Се гледа црквата на Спасителот. Петербуршката кралска палата, Црквата на Свети Исак, плоштадот Невски, итн. Се посетува тврдината на Петар и Павле и црквата Свети Петар и Павле која служела како царска гробница. Ручек во ресторан. Посета на музејот Ермитаж кој ја поседува најголемата уметничка збирка во светот.

 

 

Бродот се вика Ермитаж и е со 5*

 

Полнпанион или 3 оброка дневно (започнува со вечера по пристигнувањето, а завршува со доручек пре поаѓање)

Појадокот и ручекот се на база на шведска маса, а вечерата е со мени.

Водата е вклучена за сите оброци плус дневно секој добива по едно шише вода дневно во кабината. Вклучена е една чаша вино по особа за време на вечерата.

Церемонија со леб и сол за добредојде со коктел забава со капетанот потоа. Првата и последната вечера се исто така со специјално мени. Коктел забава со капетанот за догледање.

 

Кетеринг:

Доручек – Шведска маса со голем избор на топли и ладни јадења. Кафе, чај, вода, сокови вклучено на шведската маса за време на доручекот.

Ручек – Шведска маса. Кафе, Чај, Сокови се служат на масите. Водата е на шведската маса.

Вечера – Предјадење, Главно јадење (избор од три менија – месо, риба, вегетарјанско мени), десерт (3 варијанти на десерт).

 

Напомени за пансионот:

За вечерата гостите си го бираат менито за главно јадење и десерт ден претходно.

Едно шише вода 0.33 литри му следува на секој патник дневно. Барот за кафе работи секој ден од 06:00 часот до 19:00 часот (барот располага со кафе, безкофеинско кафе, жешка вода, чај, млеко, какао, колачиња)

 

Евенти:

Церемонија со леб и сол за добредојде кога ќе се качите на бродот.

Коктел за добредојде со шампањ или безалкохолен коктел за секој патник

Руска чајанка со руски чај и руски пити.

Вотка шоу со дегустација на вотка и руски палачинки.

Коктел забава за догледање – избор на еден коктел од три варијанти.

Капетанова вечера со појачано и побогато мени.

Греано вино (кога е ладно времето) или леден чај (кога е топло времето) после секое враќање на бродот после екскурзиите на местата каде што се застанува.

 

 

НАПОМЕНИ:

- Програмата може да претрпи промени во зависност од периодот кој ќе се одбере.

- Во програмата не е вклучена цена за авио билет и виза.

- Цената од аранжманот зависи од периодот/терминот.

- За повеќе информации јавете се во агенција.

 

Галерија
ПРЕБАРАЈ ПОНУДИ
АПРИЛСКА ПРОМОЦИЈА !!! ПЕФКОХОРИ ВИЛА КОНСТАНТИН Лукс
Хотели Грција за 1-ви Мај и Св. Кирил. Гранд Отел - Ханиоти Калипсо - Ханиоти Тропикал - Ханиоти Ал Маре - Полихроно
Приватно сместување во Ханиоти.
Понуди на вашиот Е-Маил
Контакт

Улица."27 Март" бр.3
1000 Скопје Македонија

тел/факс: +389 02 / 3132312
тел: +389 02 / 3109448

e-mail:
[email protected]
[email protected]

Има моментално присутни.