Виена со Братислава - авион - 1-ви Мај 19.03.2015

 

 

 

 

 


ВИЕНА и БРАТИСЛАВА

 

 

 

АВИОН / 4 дена / 3 ноќевања

 

 

 

28. Април (Сабота) СКОПЈЕ - БРАТИСЛАВА

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 18:15 часот. Полетување за Братислава во 19:45 и слетување во 21:20 часот. Трансфер до Братислава и сместување во хотел. Ноќевање.

 

 

 

29. Април (Недела) БРАТИСЛАВА

Појадок. Посета на прекрасниот Братиславски дворец, лоциран на ридот од каде има прекрасен поглед на градот, едно од ретките места со можност да се видат три држави: Австрија, Унгарија и Словачка. Разгледот продолжува кон старото градско јадро: средновековниот главен плоштад со Роландовата фонтана, Градското собрание, Катедралата Св. Мартин, Михалската порта, Словачкиот национален театар, барокната Палата Palffy каде Моцарт ги изведувал своите дела, палатата Pauli каде Франц Лист го отсвирел својот прв концерт... Слободно време за кафе пауза и ручек во бројните кафе - ресторани. Препорачуваме пријатна прошетка покрај брегот на реката Дунав до шопинг центарот Еуровеа... Ноќевање.

 

 

 

30. Април (Понеделник) БРАТИСЛАВА – ПАРНДОРФ - ВИЕНА

Појадок. Организиран трансфер до Виена со попатна посета на Парндорф, најголемиот дизајнерски шопинг центар во Австрија. Панорамски разглед на Виена: Дворецот Белведере изграден од Еуген Савојски, обиколка на Рингштрасе (кружната улица) околу која се изградени најзначајните објекти во Виена, Музејскиот кварт, плоштадот Марија Терезија, еден од најубавите комплекси препознатлив по двата музеи близнаци, Парламентот, Универзитетот, Операта... Сместување во хотел. Слободно време за ручек со “вистинска” виенска шницла. Прошетката продолжува по улицата Mariahilferstrasse, можност да се почувствува атмосферата на виенските кафулиња со “melange” кафе и захер торта. Ноќевање.

 

 

 

01. Мај (Вториник) ВИЕНА – СКОПЈЕ

Појадок. Прошетка во центарот на градот: најстарата барокна Црква Св. Петар, по познатата улица Грабен до Stephansplatz и Катедралата Св. Стефан симбол на градот и државата, Дворецот Хофбург којбил седиште на моќното Хабсбуршко царство, а денес е резеденција на австрискиот претседател... Факултативна посета на Кралскиот дворец Шенбрун, летната резиденција на Франц Џозеф, посетена од милиони туристи годишно. Палатата заедно со паркот е најголема туристичка атракција во Виена, под заштита на УНЕСКО. Трансфер до аеродромот во Братислава. Полетување за Скопје во 21:55 и слетување во 23:30 часот.

 

 

 

 

 

За уплата до 10 Април:

299 евра (18.550 денари)

 

 

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:

379 евра (23.500 денари)

 

 

 

 

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

- Авионски превоз на релација Скопје-Братислава-Скопје

- Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 55х40х23cm до 10kg)

- Организиран трансфер од Аеродромот до хотелот и обратно и превоз од Братислава до Виена

- Сместување во Хотел Crowne Plaza 4* во центарот на Братислава на база 2 ноќевања со појадок www.cpbratislava.sk

- Сместување во Хотел Austria Trend Ananas 4* во центарот на Виена на база 1 ноќевање со појадок

www.austria-trend.at/en/hotels/ananas

- Разгледување на Братислава и Виена според програмата

- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

 

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

- Аеродромски такси 3.100 денари

- Доплата за багаж за чекирање (1 торба/куфер со максимум 20kg) 3.300 денари

- Посета на Шенбрун со вклучена влезница 35 евра

- Влезници во локалитетите, карти за локален превоз

- Патничко – здравствено осигурување 250 денари

 

 

 

НАПОМЕНИ: За овој аранжман важат Општите услови за патување на Магелан Травел Сервис

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници

Цените се дадени во евра, уплата се врши во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари

Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето




Галерија
ПРЕБАРАЈ ПОНУДИ
АПРИЛСКА ПРОМОЦИЈА !!! ПЕФКОХОРИ ВИЛА КОНСТАНТИН Лукс
Хотели Грција за 1-ви Мај и Св. Кирил. Гранд Отел - Ханиоти Калипсо - Ханиоти Тропикал - Ханиоти Ал Маре - Полихроно
Приватно сместување во Ханиоти.
Понуди на вашиот Е-Маил
Контакт

Улица."27 Март" бр.3
1000 Скопје Македонија

тел/факс: +389 02 / 3132312
тел: +389 02 / 3109448

e-mail:
[email protected]
[email protected]

Има моментално присутни.