Будимпешта - 8-ми Март - автобус 29.01.2016



 

 

 

 

 

Убавица на Дунав - БУДИМПЕШТА

 

 

автобус / 4 дена / 2 ноќевања

 


08. Март (четврток) СКОПЈЕ – БУДИМПЕШТА

Состанок на групата пред хотелот „Холидеј ин“ во 17.30 часот. Тргнување за Будимпешта во 18.00 часот. Се патува преку Србија со куси попатни паузи. Ноќно возење.

 

09. Март (петок) БУДИМПЕШТА

Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Панорамско разгледување на градот: споменикот на Милениумот, операта, улиците Ваци, Андраши, Ракочи, парламентот, црквата Св. Стефан, мостовите на Дунав, Будим, Цитаделата, Кралската палата, Црквата Св. Матејас, Рибарската тврдина... Сместување во хотел. Вечерта, факултативно крстарење со брод по Дунав, под прекрасните мостови. Ноќевање.

 

10.Март (сабота) БУДИМПЕШТА – ВИЕНА – ПАНДОРФ - БУДИМПЕШТА

Појадок. Слободен ден за индивидуални активности, или можност за факултативна посета на Виена: панорамско разгледување на градот: Рингштрасе, Oперата, Парламентот, Музејот на современа уметност, Градската палата, Универзитетот, палатата Белведере, црквата „Вотив“, зимскиот дворец Хофбург. Слободно време. На враќање, посета на шопинг-центарот Пандорф. Враќање во Будимпешта. Ноќевање.

 

11. Март (недела) БУДИМПЕШТА – СЕНТ АНДРЕА - СКОПЈЕ

Појадок. Факултативно прошетка до живописното гратче Сент Андреа, во близината на Будимпешта, во кое се негуваат старата архитектура и народни ракотворби, и кое е богато со голем број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви.Тргнување за Скопје во попладневните часови. Се патува преку Србија, со куси попатни паузи. Ноќно возење. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови.

 

 

Цена во претпродажба до 25 Јануари:

99€ (6.140,00 денари)


ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:

109€ (6.760,00 денари)

 

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Превоз со модерен туристички автобус на наведената релација.

  • Сместување во хотел 3*** во Будимпешта на база 2 ноќевања со појадок.

  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето.

  • Организиран трансфер од Битола, Прилеп, Кавадарци, Струмица, Штип, Велес, Охрид, Кичево, Гостивар, Тетово (Организираниот трансфер може да биде во утринските часови, а точно време на поаѓање се утврдува 1 ден пред терминот на поаѓање)


ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Вечера во ресторан – чарда 25 евра.

  • Крстарење со брод по Дунав 15 евра.

  • Посета на Виена и Пандорф 30 евра (минимум 30 патници)

  • Посета на Сент Андреа 10 евра.

  • Влезници за музеите и културно-историските споменици.

  • Задолжително патничко-здравствено осигурување

  • Доплата за еднокреветна соба


Напомени:

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници.

За овој програм важат Општите услови на патување на СКТМ.

Начини на плаќање:

Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција. При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот на аранжманот како авансна уплата. Остатокот од аражманот се доплатува на 7дена пред поаѓање.

 

Патничко и здравствено осигурување:

Магелан препорачува на сите патници да си обезбедат патничко-здравствено осигурување. Тоа можат да го направат во нашата агенција или во било која осигурителна компанија. Препорачуваме да се внимава на условите во полисите, односно истите да ги покриваат сите трошоци ( без франшиза) и при патување со авион да направат долата за доцнење на багаж.

 

Општи напомени за патување:

Т.А.Магелан Травел Сервис го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.

Пасошот треба да важи минимум 4 месеци од завршувањето на патувањето!!!


 

Галерија
ПРЕБАРАЈ ПОНУДИ
СПЕЦИЈАЛНА ПОНУДА !!! Нов 5-ѕвезден хотел во подножјето на Пирин планина. Луксузниот стил создава пријатна,спокојна и опуштена атмосфера. Идеално место за опуштање со своите два ресторани, лоби барот и СПА Центарот.
Срцето на Краков, дворецот Wawel, катедралата Св.Станислав и Вацлави и кралевскиот дворец од XIV век. Пешачкиот дел опфаќа разглед на главниот плоштад и еден од најголемите средновековни плоштади во Европа, каде се наоѓаат споменикот на Адам Мицкјевиќ познат полски поет, готската црква Св. Марија, Флоријанкса улица, Еврејскиот дел Казимерц...
Будимпешта, убавица на Дунав - споменикот на Милениумот, операта, улиците Ваци, Андраши, Ракочи, парламентот, црквата Св. Стефан, мостовите на Дунав, Будим, Цитаделата, Кралската палата...
Истанбул, приказна од Ориентот - Аксарај, Бејазитовата џамија, Универзитетот, Лалели Џамијата, Римскиот Аквадукт, Златен Рог, Хотелот Пера Палас (каде Агата Кристи го напишала светски познатиот роман Ориент Експрес), плоштадот Таксим, Бешикташ стадионот, Галата кула, Египетскиот пазар, Јени џамија, Рустем Пашина Џамија, Патријаршијата, Фатих џамија...
Грузија е земја на митови и легенди. Во неа според грчките митови Јасон со Арнаутите го пронашол златното руно, а Зевс го приковал Прометеј. Според библиските легенди Новата арка застанала на планината Арарт. Од тројцата синови на Ное, Сем, Хем и Јафет, кои се разделиле кога потопот завршил, Јафет останал на Кавказот.
Понуди на вашиот Е-Маил
Контакт

Улица."27 Март" бр.3
1000 Скопје Македонија

тел/факс: +389 02 / 3132312
тел: +389 02 / 3109448

e-mail:
[email protected]
[email protected]

Има моментално присутни.