Швајцарија - 8-ми март - авион 28.01.2016

 

 

 


БАЈКОВИТА ШВАЈЦАРИЈА

УЖИВАЊЕ ВО АЛПСКИТЕ УБАВИНИ

 

(Цирих, Луцерн, Берн, Шилон/Монтре, Лозана, Женева, Базел)

 

 

 

 

АВИОН/ 5 дена / 4 ноќи

 

 

 

09/03/2018 Скопје - Фридрихшафен – Лихтенштајн - Цирих

Состанок на групата во 11.00 часот на скопскиот аеродром. Летрот на Визер за Фридрихшафен е во 12.50 часот. Слетување во 15.05 часот. Организиран трансфер до Цирих. Попатно, посета на Лихтенштајн – малото и богато војводство, кое, притиснато меѓу Австрија и Швајцарија, се развило во светски банкарски центар. Разгледот на главниот град Вадуз ги опфаќа: Парламентот, Музејотот на уметноста, Поштенскиот музеј, зградата на Владата на Лихтенштајн, Замокот Вадуз..... Пристигнување во Цирих. Сместување во хотел. Слободно време. Ноќевање.


10/03/2018 Цирих – Луцерн

Појадок. Разглед на Цирих, најголем град по број на население и по површина, најголем банкарски центар, најпознат универзитет, најголем аеродром и железничка станица... Културно историските споменици се сконцентрирани во историското јадро на градот, околу реката и езерскиот брег, меѓу кои се и Швајцарскиот национален музеј, Железничката станица, Националниот театар, Уметничкиот музеј и прошетка по Bahnhofstrasse, една од најпознатите трговски улици во светот... Во попладневните часови препорачуваме факултативен излет во Луцерн, прошетка по дрвениот мост Kapellbrücke, кој со оригиналната кула е еден од симболите на градот, градските ѕидини со саат кулата чиј часовник отчукува една минута пред полн час, музејот на композиторот Рихард Вагнер, модерниот повеќенаменски објект KKL- Конгресен и уметнички центар во кој е сместена концернта сала со извонредна акустика и Уметнички музеј, споменикот на Лавот од Луцерн – посветен на швајцарските гардисти што биле убиени во палатата Тиелери во Париз во 1792 година...Враќање во Цирих. Слободно време. Ноќевање.


11/03/2018 Цирих – Берн – Лозана

Појадок. Заминување за Лозана. Попатно, посета на главниот град на Швајцарија- Берн, чиј стар дел е ставен на листата на УНЕСКО, како светско културно наследство. Вистинско задоволство е да се прошета по пешачките улици, покриени со аркади, украсени со фонтани, саат кули и други интересни објекти. Меѓу нив посебно привлечни се Bundeshaus – Сојузната палата (Собрание) на Швајцарија и плоштадот пред неа, Einsteinhaus, Kramgasse 49, во која живеел Алберт Ајнштајн додека работел во Швајцарскиот центар за патенти, Zytglogge, саат кулата од 13 век, Дувлото на мечките, симбол на Берн...Пристигнување во Лозана во вечерните часови, слободно време. Ноќевање.


12/03/2018 Лозана - Монтре - Шилон - Женева

Појадок. Препорачуваме целодневен факултативен излет, посета на замокот Шилон, кој е најпосетуван објект во Швајцарија. Се наоѓа на самиот брег на Женевското Езеро, кој во минатото служел за собирање царина/даноци од минувачите и трговците кои оделе за Италија. На помалку од десет километри одалеченост се наоѓа монденскиот град Мотре – познат како град на џезот и музичарите. По кејот на Женевското Езеро вниманитето го привлекува споменикот на познатиот пејач Фреди Меркјури. Патувањето продолжува за Женева. Разглед на Женева, еден од најголемите центри на меѓународната дипломатија. Во него се наоѓа Палтата на нациите во која е сместено седиштето на ООН, Меѓународниот комитет на црвениот крст, Светската трговска организација, во Женева е и седиштето на протестантската црква, односно на Калвинистите, поради што ја нарекуваат „Протестантски Рим“. Женева е интересна и затоа што во Женевското Езеро се наоѓа Jet d'Eau – воден млаз кој водата ја исфла во височина до 140 метри, цветниот часовник, истекот на реката Рона и островчето Русо, катедралата Свети Петар, Паркот на реформаторите, Градската куќа во стариот дел на градот... Враќање во хотел во Лозана. Ноќевање.


13/03/2018 Лозана – Базел – Скопје

Појадок. Разглед на Лозана - седиште на Меѓународниот олимписки комитет, на Олимпискиот музеј и најмал град во светот во кој постои метро (подземна железница). На ридот, во стариот дел на градот доминира катедралата и камбанеријата од која веќе шест века, „чуварот“ на секој час испукува плотун. Внимание привлекува и протестантската црква. Заминување за Базел. Пристигнување во Базел, предвидена е пауза од околу 2 часа. Трансфер до аеродром. Лет на Визер во 21.45 часот. Пристигнување во Скопје во 23.55 часот.






ЦЕНА за уплати до 15 декември:

399€ (24.750,00 мкд)


ЦЕНА за уплати до 15 јануари:

429€ евра (26.600,00 мкд)


Цена на аранжманот:

459€ (28.460,00 мкд)


 

 

 

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Авионски превоз Скопје – Фридрихшафен и Базел – Скопје.

  • Сместување во хотели 2**/ 3*** на база 2 ноќевања со појадок во Цирих и 2 ноќевања со појадок во Лозана.

  • Организиран разглед на Лихтенштајн, Цирих, Лозана, Берн според програмата

  • Кабинска торба до 10кг. со димензии 55х40х23цм до 10кг

  • Организација на аранжманот и лиценциран придружник на патувањето


ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Аеродромски такси 4.900 мкд (се плаќа во агенција)

  • Чекиран багаж - куфер со макс.тежина 20кг = 3.300мкд / куфер со макс.тежина 32кг = 4.100мкд

  • Факултативна посета на Луцерн 50 евра

  • Факултативна посета на Монтре, замокот Шилон, Женева 75 евра

  • Туристичка такса 750 мкд

  • Влезници во локалитетите, карти за локален превоз

  • Патничко – здравствено осигурување 300 мкд.


НАПОМЕНИ:

  • За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ.

  • За реализација на аранжманот е потребен минимум од 25 патници.

  • Резервација се прави со авансна уплата од 20% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 10 дена пред тргнување.

  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62 мкд.

  • Калкулацијата за факултативните излети е направена на минимум 20 лица.

  • Пријавувањето е при резервација во агенција.

  • Организаторот на патувањето го задржува правото, да ја промени и цената на аранжманот.

  • Доколку не се оствари минималниот број на патници, Oрганизаторот го задржува правото да го откаже или да ја зголеми цената на аранжманот како и цените на факултативните излети.

  • Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на цената на превозот.

  • да ја промени и цената на аранжманот.

  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот 7 дена пред патувањето.

  • Пасошот треба да важи минимум 180 дена по завршувањето на патувањето.




Галерија
ПРЕБАРАЈ ПОНУДИ
СПЕЦИЈАЛНА ПОНУДА !!! Нов 5-ѕвезден хотел во подножјето на Пирин планина. Луксузниот стил создава пријатна,спокојна и опуштена атмосфера. Идеално место за опуштање со своите два ресторани, лоби барот и СПА Центарот.
Срцето на Краков, дворецот Wawel, катедралата Св.Станислав и Вацлави и кралевскиот дворец од XIV век. Пешачкиот дел опфаќа разглед на главниот плоштад и еден од најголемите средновековни плоштади во Европа, каде се наоѓаат споменикот на Адам Мицкјевиќ познат полски поет, готската црква Св. Марија, Флоријанкса улица, Еврејскиот дел Казимерц...
Будимпешта, убавица на Дунав - споменикот на Милениумот, операта, улиците Ваци, Андраши, Ракочи, парламентот, црквата Св. Стефан, мостовите на Дунав, Будим, Цитаделата, Кралската палата...
Истанбул, приказна од Ориентот - Аксарај, Бејазитовата џамија, Универзитетот, Лалели Џамијата, Римскиот Аквадукт, Златен Рог, Хотелот Пера Палас (каде Агата Кристи го напишала светски познатиот роман Ориент Експрес), плоштадот Таксим, Бешикташ стадионот, Галата кула, Египетскиот пазар, Јени џамија, Рустем Пашина Џамија, Патријаршијата, Фатих џамија...
Грузија е земја на митови и легенди. Во неа според грчките митови Јасон со Арнаутите го пронашол златното руно, а Зевс го приковал Прометеј. Според библиските легенди Новата арка застанала на планината Арарт. Од тројцата синови на Ное, Сем, Хем и Јафет, кои се разделиле кога потопот завршил, Јафет останал на Кавказот.
Понуди на вашиот Е-Маил
Контакт

Улица."27 Март" бр.3
1000 Скопје Македонија

тел/факс: +389 02 / 3132312
тел: +389 02 / 3109448

e-mail:
[email protected]
[email protected]

Има моментално присутни.