Истанбул - автобус - Нова Година 03.11.2015


 

 

 

 

 

 


Приказна од Ориентот ИСТАНБУЛ

 

 

Автобус / 4 дена / 2 ноќевања

 

 

 

29. Декември (Петок) СКОПЈЕ - ИСТАНБУЛ

Состанок на групата на паркингот спроти хотелот “Holiday Inn”, во 16:00 часот. Тргнување за Истанбул во 16:30 часот. Се патува преку Грција со попатни паузи. Ноќно возење.

 

 

30. Декември (Сабота) ИСТАНБУЛ

Пристигнување во Истанбул во утринските часови. Факултативна посета на Долма Бахче Сарај - последната резиденција на Отоманскиот султан, која содржи музејска збирка со непроценливо богатство.Продолжуваме со панорамско разгледување на градот: Аксарај, Бејазит Мејдан, Универзитетот, Лалели Џамијата, Валенсовиот Аквадукт, Златниот Рог, Посета на Вселенската патријаршија...Сместување во хотел. Во попладневните часови, предлагаме посета на Азискиот дел на Истанбул – Ускудар - Белербеј, поминувајќи преку подводниот тунел Мармарас (13.5 км за 4 минути, 60 метри под нивото на водите на Босфор...Европа - Азија), прекрасно место за кафе, и можност да се вкуси прекрасна риба во некои од познатите ресторани. Враќање во хотел преку Босфорскиот Мост симболот на Истанбул - ноќна панорама на Истанбул...Вечерта, факултативно вечера во Национален ресторан за незаборавно доживување со уметничка програма на ориентални танци и мени од турската кујна. Ноќевање.

 

 

31. Декември (Недела) ВИЗАНТИСКИ И СУЛТАНСКИ ИСТАНБУЛ

Појадок. Посета на Сината Џамија која претставува симбол на градот, Хиподромот,прочуената Аја Софија и стариот султанов дворец Топкапи палата, која ги чува приказните за огромното богатство на султаните, опкужена со море од сите свои страни, каде може да се посети и забранетата зона со векови, Султанскиот харем, Подземната Цистерна Yerebatan Sarayı 14 метри под нивото на земјата, со 9.800м2 површина, Капали чаршија... Вечерта, Дочек на Новата 2018 година на монденскиот плоштад Ортакој познат како Истанбулски Монмартр или факултативно крстарење со брод по Босфор со уметничка програма и богато мени. Ноќевање.

 

 

01. Јануари (Понеделник) ИСТАНБУЛ - БОСФОР - СКОПЈЕ

Појадок. Можност за посета на Sapphire Seyir Terasi највисоката “Тераса” во Европа, од каде се добива прекрасна панорамска глетка кон градот, како и можност преку 4Д симулација да се надлета небото над Истанбул и неговите најзначајни обележја: Босфор, Галата мостот, Девојачка Кула... Факултативно, возбудливо крстарење со брод по Босфор, под мостовите кои ги поврзуваат Европа и Азија, панорамско разгледување на раскошните палати од двете страни на каналот... Патувањето продолжува со посета на познатиот шопинг центар Форум, каде се наоѓа големиот Аквариум. Поаѓање за Скопје во попладневните часови. Се патува преку Грција, со попатни паузи. Пристигнување во Скопје наредниот ден во утринските часови.

 

 


За комплетни уплати до 25 Ноември:

6.140 денари (99 евра)


 

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:

6.760 денари (109 евра)

 

 

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

- Превоз со високо туристички автобус на наведената релација

- Сместување во Хотел 3***во Истанбулна база 2 ноќевања со појадок

- Организиран разглед на Истанбул

- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

 

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

- Посета на Долма Бахче Сарај (водич, влезница) 35 евра

- Крстарење со брод по Босфор 15 евра

- Посета на Saphire Seyir Terasi – (влезница за 4D + локален водич + превоз со автобус) – 20 евра

- Посета на Азискиот дел Ускудар-Белербеј по подводниот тунел 10 евра

- Дочек на Нова Година на брод на крстарење по Босфор

- Yerebatan Sarayı (потонатата палата) 10 евра

- Вечера во национален ресторан на 30.12 35 евра

- Влезници во локалитетите Аја Софија 18 евра, Топ Капи 18 евра

- Доплата за еднокреветна соба 2.600 денари

- Патничко – здравствено осигурување 155 денари

 

 

НАПОМЕНИ:

· За реализација на аранжманот е потребен минимум од 40 патници

· За овој аранжман важат Општите услови за патување на СKTM

· Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари

· Резервација се врши со аванс од 30% од износот на аранжманот. Остатокот се доплаќа 7дена пред поаѓање.

· Агенцијата го задржува правото да го откаже аранжманот 5 дена пред датумот на тргнување.

· Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето




Галерија
ПРЕБАРАЈ ПОНУДИ
СПЕЦИЈАЛНА ПОНУДА !!! Нов 5-ѕвезден хотел во подножјето на Пирин планина. Луксузниот стил создава пријатна,спокојна и опуштена атмосфера. Идеално место за опуштање со своите два ресторани, лоби барот и СПА Центарот.
Срцето на Краков, дворецот Wawel, катедралата Св.Станислав и Вацлави и кралевскиот дворец од XIV век. Пешачкиот дел опфаќа разглед на главниот плоштад и еден од најголемите средновековни плоштади во Европа, каде се наоѓаат споменикот на Адам Мицкјевиќ познат полски поет, готската црква Св. Марија, Флоријанкса улица, Еврејскиот дел Казимерц...
Будимпешта, убавица на Дунав - споменикот на Милениумот, операта, улиците Ваци, Андраши, Ракочи, парламентот, црквата Св. Стефан, мостовите на Дунав, Будим, Цитаделата, Кралската палата...
Истанбул, приказна од Ориентот - Аксарај, Бејазитовата џамија, Универзитетот, Лалели Џамијата, Римскиот Аквадукт, Златен Рог, Хотелот Пера Палас (каде Агата Кристи го напишала светски познатиот роман Ориент Експрес), плоштадот Таксим, Бешикташ стадионот, Галата кула, Египетскиот пазар, Јени џамија, Рустем Пашина Џамија, Патријаршијата, Фатих џамија...
Грузија е земја на митови и легенди. Во неа според грчките митови Јасон со Арнаутите го пронашол златното руно, а Зевс го приковал Прометеј. Според библиските легенди Новата арка застанала на планината Арарт. Од тројцата синови на Ное, Сем, Хем и Јафет, кои се разделиле кога потопот завршил, Јафет останал на Кавказот.
Понуди на вашиот Е-Маил
Контакт

Улица."27 Март" бр.3
1000 Скопје Македонија

тел/факс: +389 02 / 3132312
тел: +389 02 / 3109448

e-mail:
[email protected]
[email protected]

Има моментално присутни.