Стразбур - авион - Велигден 22.02.2016

 

 

 

 

 

 

 

 

СТРАЗБУР – АЛЗАС – КОЛМАР– ШВАРЦВАЛД

 

 

 

Авион - 5 дена / 4 ноќевања

 

 

 

Во Франција, на исток заграден со планинскиот масив Вогези, а на запад со Германија, се наоѓа регионот АЛЗАС. Историјата, пејсаѓот и културата на овој дел од Франција пленат со својата убавина, разновидност... Главен град на регионот е СТРАЗБУРкој е еден од најзначајните центри на Европската Унија. Карактеристично за овој регион се лозовите насади кои ги даваат едни од најпознатите сорти на вина, врв на светскиот квалитет на бели вина од ароматични сорти на грозје. Со својата величествена и дива убавина, планинскиот масив ШВАРЦВАЛД ( Црната Шума) во германската сојузна држава Баден – Буртенберг формира издолжен правоаголник помеѓу градовите Карлсруе, Штудгард, Базел и езерото Констанца. Шварцвалд отсекогаш фасцинирал и инспирирал со непрегледните низи на ели, борови и буки, потоци, реки и горски езера, пасишта и ливади... аво плодната долина се сместени симпатичните градчиња и села...

 

 

 

04.АПРИЛ.2018 Скопје – Фридрихшафен - Стразбур

 

Состанок на групата во 10:50 часот на аеродромот Александар Велики во Скопје. Полетување за Базел во 12:35 часот, слетување во 14:55 часот. Трансфер до Стразбур и сместување во хотел. Слободно време за прошетка и одмор. Ноќевање.

 

 

 

05. АПРИЛ.2018 Стразбур

 

Појадок. Разглед на Стразбур - град во покраината Алзас на истокот на Франција на реката Ил. Во Стразбур се наоѓаат седиштата на Европскиот совет и на Европскиот парламент, Маѓународниот суд за човекови права и други важни европски и светски институции. Разглед на историскиот центар на градот: величенствената катедрала Нотр Дам градена од 12-ти до 15-ти век во готски стил висока 142 метри, Старата царина, Палатата Рохан, куќата Камерзел, плоштадот Гутенберг. Стариот дел на градот, заштитена како светско културно наследство од УНЕСКО во 1988-ма година, познат и како мала Франција е најсликовит дел на Стразбур изобилува со шарени градби од дрво кои се градени помеѓу 16-ти и 17-ти век, со покриени мостови и одбранбени кули од 13-ти век. Слободно попладне. Ноќевање.

 

 

 

06. АПРИЛ.2018 Стразбур – Фрајбург – Колмар – Риквир – Стразбур

 

Појадок. Целодневен факултативен излет во Алзас. Поаѓање кон градчето Фрајбург кој го носи епитетот бисерот на Шварцвалд. Иако за време на Втората светска војна бил сосема уништен, полека и прецизно е реставриран до последниот детал, па денес важи за еден од најубавите средновековни градови во Европа. Прошетка по главниот плоштад со катедралата Мунстер и камбанаријата висока 116 метри, познатата трговската зграда од 16-ти век со темноцрвена фасада, градското собраниеод 16-ти век, плоштадот на Аугистините со манастирот каде има скали налик на познатите Шпански скали во Рим. Слободно време. Продолжување на патувањето го градчето Колмар, сместено во подножјето на планината Вогези на реката Лаух, која со канал е поврзана со Рајна. Поради многубројните мостови, канали и преубави плоштади се нарекува мала Венеција. Стариот и зачуван средновековен центар на градот од 9-ти век е главна туристичка атракција која привлекува огромен број на туристи. Во старите дрвени градби се наоѓаат цркви, продавници, сувенирници, кафулиња, ресторани... Религиските и културни знаменитости во Колмарсе протегаат низ многувековната Германско-Француска историја. Слободно време во историскиот центар на градот: црквата Свети Мартин, Доминиканска црква, куќата Пфистер, квартот Танеурс, музејот Бартолди, музејот Унтерлинден.. Патувањето продолжува до селото Риквир едно од најубавите села во Франција со годишна посетеност од околу милијон туристи. Тесните улички потсетуваат на сценографија за некој филм чие дејство се одвива во средниот век. Интересни се кулата на северната капија од 13-ти век, црквата од 14-ти век, станбените згради кои потекнуваат од 16-ти и 17-ти век. Слободно време. Продолжување на патувањето до местото Оршвилер каде се наоѓа дворецот Висок Кенингсбург изграден во 12-ти век на стратешкото место во планината Вогези одма над рамнината Алзас, користен е како утврдување до 17-ти век. Реставриран е по налог на германскиот цар Вилхелм II, а денес е една од најголемите туристички атракции во тој регион.Враќање во Стразбур. Ноќевање.

 

 

 

07.АПРИЛ 2018 Стразбур – Хајделберг –Баден Баден - Стразбур

 

Појадок. Целодневен факултативен излет до Хајделберг, романтично градче сместено на реката Некар. Атракција е ренесансниот замок на брдото над градот кој спаѓа меѓу најимпресивните објекти во Германија и опстојува повеќе од 700 години, се вбројува во топ 10 најпопуларни европски знаменитости со повеќе од 3 милиони туристички посети годишно. Градот е седиште на една од најстарите образовни институции во Европа – Универзитетот Руперт-Карл, основан во 1386-та година. Панорамско разгледување на градот: Карловата капија 18-ти век, Замокот Хајделберг 14-ти век, Градското собрание од 14-ти век, стариот градски плоштад, стариот мост на Некар долг 200 метри од 18-ти век, готската црква на Свeтиот Дух од 14-ти век, Универзитетската четврт, Алејата на филозофите со најубав поглед на стариот дел на градот. Патувањето продолжува до Баден-Баден, кое се наоѓа во подножјето на Шварцвалд, на реката Ос и птретставува вистинска оаза на Германската култура и историја. Во градот се наоѓаат 14 термални извори, познати по сбоите лековити својства, па затоа и градот е идеално место за бански туризам. За неговото славно минато светочат големите раскошни палати и вили со прекрасно уредени паркови и 3 километри долгото шеталиште. Враќање во Стразбур. Ноќевање.

 

 

 

08. АПРИЛ. 2018 Стразбур – Базел – Скопје

 

Појадок. Слободно време до поаѓање за Базел или можност за факултативно крстарење по каналите на Стразбур. Заминување за Базел, прошетка низ градот. Трансфер до аеродром. Лет на Визер во 20:55 часот. Пристигнување во Скопје во 23:10 часот.

 

 

 

ЦЕНА за уплати до 20.Јануари:

399€ (24.750,00 мкд)

Цена на аранжманот:

459€ (28.460,00 мкд)

 

 

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

 

  • Авионски билет на релација Скопје – Фридрихшафен / Базел –Скопје

  • Кабинска торба со димензии 55х40х23цм до 10кг.

  • Сите трансфери по програмата со автобус

  • Сместување во хотел 3*** во околината на Стразбур, на база 4 ноќевања со појадок

  • Организиран разглед на Стразбур

  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето


ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

 

  • Аеродромски такси 4.900,00мкд.

  • Чекиран багаж - куфер со макс.тежина 20кг = 4.700мкд / куфер со макс.тежина 32кг = 5.700мкд

  • Туристичка такса 750мкд (се плаќа во агенција)

  • Крстарење по каналите на Стразбур 19 евра

  • Целодневен факултативен излет до Фрајбург, Колмар, Риквир (пријавување во агенција при уплата/резервација) 75€

  • Целодневен факултативен излет до Хајделберг и Баден-Баден (пријавување во агенција при уплата/резервација) 75€

  • Влезници за локалитети и културно-историски споменици

  • Доплата за еднокреветна соба 4.900,00мкд

  • Задолжително патничко осигурување (инфо во агенција)



НАПОМЕНИ:

 

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници.

  • За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 20 патници.

  • Организаторот го задржува правото на промена во програмата во случај на промена на лтовите од авиокомпанијата.

  • За овој аранжман важат Општите Услови на патување на СКТМ.

  • Цените се дадени во Евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62,00 денари.


  • Пасошот треба да има важност минмум 6 МЕСЕЦИ од завршувањето на патувањето!!!

 

 

Галерија
ПРЕБАРАЈ ПОНУДИ
Срцето на Краков, дворецот Wawel, катедралата Св.Станислав и Вацлави и кралевскиот дворец од XIV век. Пешачкиот дел опфаќа разглед на главниот плоштад и еден од најголемите средновековни плоштади во Европа, каде се наоѓаат споменикот на Адам Мицкјевиќ познат полски поет, готската црква Св. Марија, Флоријанкса улица, Еврејскиот дел Казимерц...
Будимпешта, убавица на Дунав - споменикот на Милениумот, операта, улиците Ваци, Андраши, Ракочи, парламентот, црквата Св. Стефан, мостовите на Дунав, Будим, Цитаделата, Кралската палата...
Истанбул, приказна од Ориентот - Аксарај, Бејазитовата џамија, Универзитетот, Лалели Џамијата, Римскиот Аквадукт, Златен Рог, Хотелот Пера Палас (каде Агата Кристи го напишала светски познатиот роман Ориент Експрес), плоштадот Таксим, Бешикташ стадионот, Галата кула, Египетскиот пазар, Јени џамија, Рустем Пашина Џамија, Патријаршијата, Фатих џамија...
Понуди на вашиот Е-Маил
Контакт

Улица."27 Март" бр.3
1000 Скопје Македонија

тел/факс: +389 02 / 3132312
тел: +389 02 / 3109448

e-mail:
[email protected]
[email protected]

Има моментално присутни.