Стразбург, Алзас, Колмар - автобус - 8-ми Март 16.01.2015

 

 

 

 

8-ми Март во Стразбур, Алзас, Колмар и Шварцвалд

 

 

Автобус / 5 дена / 3 ноќевања

 

 

 

08. март (четврток) СКОПЈЕ – МИНХЕН

Состанок на група во 13:00 часот на паркингот спроти х. Холидеј Ин. Поаѓање во 13:30 часот. Се патува преку Србија, Хрватска, Словенија, Австрија и Германија до Минхен.


09. март (петок) МИНХЕН

Пристигнување во Минхен. Панорамски разглед на градот: Главниот плоштад Мариенплац со старата и новата градска куќа во неоготски стил, Градската камбанарија со своите 43 камбани, Богородичната црква (15 век) со двете кули во кои се погребани владетелите на Баварија, Кралската Палата, пивницата Hofbrauhaus, Старата и Нова Пинакотека, плоштадот Одеон, Кралскиот плоштад... Прошетка до барокниот дворец Нимфенбург, летната резиденција на Баварските владетели, во кој се родил Лудвиг II. Дворецот со прекрасна градина е изграден во 1664г. и прошируван во неколку наврати до 1820г. Најголем интерес привлекува Одајата на Убавината, со триесетина портрети на најубавите жени на Минхен, а нарачано од кралот Лудвиг I. Сместување во хотел. Вечерта можност за факултативна посета на пивница. Ноќевање.

 

10. Март (сабота) МИНХЕН – СТРАЗБУР

Појадок. Заминување за Стразбур-град во покраината Алзас на истокот од Франција на реката Ил. Во Стразбур се наоѓаат седиштата на Советот на Европа и Парламентот на Европа, Судот за човекови права. Пристигнување и сместувње во хотел. Разглед на град: величенствената катедрала Нотр Дам (градена од 12-ти до 15-ти век), Старата царина, Палатата Роахн, плоштадот Гутенберг. Стариот дел на Стразбур, наречен мала Франција е најсликовитиот дел кој е заштитен како културно наследство на УНЕСКО, изобилува со шарени градби од дрво кои се изградени во 16-ти и 17-ти век. Слободно време за одмор и индивидуални активности. Ноќевање.


11. Март (недела) Стразбур – Фрајбург – Колмар – Риквир

Целодневен факултативен излет во Алзас. Фрајбург - кој го носи епитетот бисерот на Шварцвалд. Иако за време на Втората светска војна бил сосема уништен, полека и прецизно е реставриран до последниот детал, па денес важи за еден од најубавите средновековни градови во Европа. Прошетка по главниот плоштад со катедралата Мунстер и камбанаријата висока 116 метри, познатата трговската зграда од 16-ти век со темноцрвена фасада, Градското собрание од 16-ти век, плоштадот на Аугистините... Слободно време. Патувањето продолжува до Колмар, град со 70 000 жители, сместен во подножјето на планината Вогези на реката Лаух, која е со канал поврзана со Рајна. Поради многубројните мостови, канали и преубави плоштади се нарекува мала Венеција. Стариот и зачуван средновековен центар на градот од 9-ти век е главна туристичка атракција. Во старите дрвени градби се наоѓаат цркви, продавници, сувенирници, кафулиња, ресторани. Слободно време во историскиот центар на градот: црквата Свети Мартин, Доминиканска црква, куќата Пфистер, квартот Танеурс, музејот Бартолди, музејот Унтерлинден. Продолжуваме конселото Риквир едно од најубавите села во Франција. Сместено е помеѓу виноградите, со само 3000 жители и посетено од повеќе од милион туристи годишно. Кулата на северната капија 13-ти век, црквата 14-ти век, станбени згради кои потекнуваат од 16-ти и 17-ти век. Слободно време. Враќање во Стразбур. Ноќевање.


12. март (понеделник) СКОПЈЕ

Појадок. Слободно време за индивидуални активности. Поаѓање за Скопје на пладне. Возење со попатни паузи до Салцбург во вечерните часови. Слободно време за слободни активности и прошетка во Салцбург. Патувањето продолжува за Скопје. Ноќно возење. Пристигнување во Скопје следниот ден.

 

 

 

За резервации и уплати до 25 Јануари:

14.820,00 денари (239 €)


ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:

16.680,00 денари (269 €)

 

 

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

- Превоз со модерен туристички автобус на наведената релација

- Сместување хотел 2** или 3*** во околина на Минхен на база 1 ноќевање со појадок

- Сместување хотел 2** или 3*** во околина на Стразбург на база 2 ноќевања со појадок

- Организиран разглед на Минхен

- Организиран разглед на Стразбоург

- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

 


ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

- Целодневен факулатативен излет до Фрајбург, Колмар и Риквир 30 евра. Цената вклучува превоз со автобус, посета на наведените места без влезници и услуги на локален водич

- Влезници во локалитетите.

- Задолжително патничко осигурување.

 

 

НАПОМЕНИ:

- За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници

- Пријавување за факултативните излети при резервација на аранжманот!

- Плаќањето се врши исклучиво во денарска протввредност 1 евро = 62 денари

- Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето

- Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на реализација на програмата

- Организаторот го задржува правото на промена на цените на факултативните излети во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите.

- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ

 

Галерија
ПРЕБАРАЈ ПОНУДИ
СПЕЦИЈАЛНА ПОНУДА !!! Нов 5-ѕвезден хотел во подножјето на Пирин планина. Луксузниот стил создава пријатна,спокојна и опуштена атмосфера. Идеално место за опуштање со своите два ресторани, лоби барот и СПА Центарот.
Срцето на Краков, дворецот Wawel, катедралата Св.Станислав и Вацлави и кралевскиот дворец од XIV век. Пешачкиот дел опфаќа разглед на главниот плоштад и еден од најголемите средновековни плоштади во Европа, каде се наоѓаат споменикот на Адам Мицкјевиќ познат полски поет, готската црква Св. Марија, Флоријанкса улица, Еврејскиот дел Казимерц...
Будимпешта, убавица на Дунав - споменикот на Милениумот, операта, улиците Ваци, Андраши, Ракочи, парламентот, црквата Св. Стефан, мостовите на Дунав, Будим, Цитаделата, Кралската палата...
Истанбул, приказна од Ориентот - Аксарај, Бејазитовата џамија, Универзитетот, Лалели Џамијата, Римскиот Аквадукт, Златен Рог, Хотелот Пера Палас (каде Агата Кристи го напишала светски познатиот роман Ориент Експрес), плоштадот Таксим, Бешикташ стадионот, Галата кула, Египетскиот пазар, Јени џамија, Рустем Пашина Џамија, Патријаршијата, Фатих џамија...
Грузија е земја на митови и легенди. Во неа според грчките митови Јасон со Арнаутите го пронашол златното руно, а Зевс го приковал Прометеј. Според библиските легенди Новата арка застанала на планината Арарт. Од тројцата синови на Ное, Сем, Хем и Јафет, кои се разделиле кога потопот завршил, Јафет останал на Кавказот.
Понуди на вашиот Е-Маил
Контакт

Улица."27 Март" бр.3
1000 Скопје Македонија

тел/факс: +389 02 / 3132312
тел: +389 02 / 3109448

e-mail:
[email protected]
[email protected]

Има моментално присутни.