Будимпешта - автобус - 1-ви Мај 19.03.2015

 

 

 

 

 

Убавица на Дунав - БУДИМПЕШТА

 

 

 

автобус / 4 дена / 2 ноќевања

 

 

 

27 Април (петок) СКОПЈЕ – БУДИМПЕШТА

Состанок на групата пред хотелот „Холидеј ин“ во 17.30 часот. Тргнување за Будимпешта во 18.00 часот. Се патува преку Србија со куси попатни паузи. Ноќно возење.

 

 

 

28 Април (сабота) БУДИМПЕШТА

Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Панорамско разгледување на градот: споменикот на Милениумот, операта, улиците Ваци, Андраши, Ракочи, парламентот, црквата Св. Стефан, мостовите на Дунав, Будим, Цитаделата, Кралската палата, Црквата Св. Матејас, Рибарската тврдина... Сместување во хотел. Вечерта, факултативно крстарење со брод по Дунав, под прекрасните мостови. Ноќевање.

 

 

 

29 Април (недела) БУДИМПЕШТА – ВИЕНА – ПАРНДОРФ - БУДИМПЕШТА

Појадок. Слободен ден за индивидуални активности, или можност за факултативна посета на Виена: панорамско разгледување на градот: Рингштрасе, Oперата, Парламентот, Музејот на современа уметност, Градската палата, Универзитетот, палатата Белведере, црквата „Вотив“, зимскиот дворец Хофбург. Слободно време. На враќање, посета на шопинг-центарот Парндорф. Враќање во Будимпешта. Вечерта, посета на православна црква за Христосовото Воскресение. Ноќевање.

 

 

 

30 Април (понеделник) БУДИМПЕШТА СЕНТ АНДРЕА - СКОПЈЕ

Појадок. Факултативно прошетка до живописното гратче Сент Андреа, во близината на Будимпешта, во кое се негуваат старата архитектура и народни ракотворби, и кое е богато со голем број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви.Тргнување за Скопје во попладневните часови. Се патува преку Србија, со куси попатни паузи. Ноќно возење.

 

 

 

01 Мај (вторник) СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во раните утрински часови.

 

 

 

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:

99€ (6.140,00 денари)

 

 

 

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

- Превоз со модерен туристички автобус на наведената релација

- Сместување во хотел 3*** во Будимпешта на база 2 ноќевања со појадок

- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

 

 

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

- Разглед на Будимпешта со локален водич 10 евра

- Вечера во ресторан – чарда 30 евра

- Крстарење со брод по Дунав 15 евра

- Посета на Виена и Парндорф 35 евра (минимум 30 патници)

- Посета на Сент Андреа 10 евра

- Влезници за музеите и културно-историските споменици

- Задолжително патничко-здравствено осигурување

- Доплата за еднокреветна соба

 

 

Напомени:

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници

За овој програм важат Општите услови на патување на Магелан Травел Сервис

 

 

Начини на плаќање:

Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција. При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот на аранжманот како авансна уплата. Остатокот од аражманот се доплатува на 7дена пред поаѓање.

 

 

Патничко и здравствено осигурување:

Магелан препорачува на сите патници да си обезбедат патничко-здравствено осигурување. Тоа можат да го направат во нашата агенција или во било која осигурителна компанија. Препорачуваме да се внимава на условите во полисите, односно истите да ги покриваат сите трошоци ( без франшиза).

 

 

Општи напомени за патување:

Т.А.Магелан Травел Сервис го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.

 

Патникот има обврска да се јави 24 часа пред поаѓање за да потврди време и место на поаѓање!

Пасошот треба да важи минимум 4 месеци од завршувањето на патувањето



Галерија
ПРЕБАРАЈ ПОНУДИ
АПРИЛСКА ПРОМОЦИЈА !!! ПЕФКОХОРИ ВИЛА КОНСТАНТИН Лукс
Хотели Грција за 1-ви Мај и Св. Кирил. Гранд Отел - Ханиоти Калипсо - Ханиоти Тропикал - Ханиоти Ал Маре - Полихроно
Приватно сместување во Ханиоти.
Понуди на вашиот Е-Маил
Контакт

Улица."27 Март" бр.3
1000 Скопје Македонија

тел/факс: +389 02 / 3132312
тел: +389 02 / 3109448

e-mail:
[email protected]
[email protected]

Има моментално присутни.