Софија - автобус - Нова Година 02.12.2015

 

 

 

 

 

 

 

НОВА 2018 ГОДИНА ВО СОФИЈА

 

 

 

 

30.12.2017 (сабота) СКОПЈЕ – СОФИЈА

Состанок на група во 05:00 часот на Дрводекор. Поаѓање во 05:30 часот. Се патува преку граничен премин Деве Баир со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Софија. Панорамски разглед на градот: градскиот плоштад, Стоковната куќа Цум, Парламентот,

Националниот и историски музеј, црквите Ротонда, Св. Софија, Св. Недела, Руската црква, Храмот Александар Невски со дванаесетте позлатени куполи, Дворецот на културата...Сместување во хотел. Во попладневните часови, можност за посета на некои од познатите шопинг центри: Сердика ''The Mall''... Ноќевање.

 

 

31.12.2017 (недела) СОФИЈА

Појадок. Предлагаме да ја почувствувате новогодишната еуфорија по најголемата шопинг улица- Витоша која изобилува со голем број на бутици, кафулиња и ресторани. Вечерта, Дочек на НОВАТА 2018 ГОДИНА на плоштад во Софија. Ноќевање.

 

 

01.01.2018 (понеделник) СОФИЈА – СКОПЈЕ

Појадок. Напуштање на хотелот. Слободно време за индивидуални активности и прошетки низ Софија. Во попладневните часови заминување за Македонија. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

 

 

 

 

ЦЕНА ЗА УПЛАТИ
до 09 Декември пополнување на местата:

69 евра (4.300 денари)


ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:

79 евра (4.990 денари)





Цената на аранжманот вклучува: 
- превоз на наведената релација со високо туристички автобус
- 2 ноќевања со појадок во хотел Акорд со 3*** во Софија
http://hotel-akord.com/
- организиација на аранжманот и придружник на патувањето





Цената на аранжманот не вклучува:
- Задолжително патничко осигурување
- За сопствен превоз цената се намалува за 620 мкд


НАПОМЕНИ:

За реализација на аранжманот е потребен минимум од 40 патници.

За овој аранжман важат Општите услови за патување на Т.А.Магелан Травел Сервис и СКТМ.

Уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд.

За резервација на аранжманот потребна е аконтација од мин.30%, целосна уплата се врши најдоцна 7 дена пред поаѓање.

Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најкасно 7 дена пред поаѓање!

 

Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето.



Галерија
ПРЕБАРАЈ ПОНУДИ
СПЕЦИЈАЛНА ПОНУДА ГРЦИЈА ЛЕТО 2018!!! Изберете дестинација и термин! Ограничени капацитети! Сместување во студиo/апартман!
Понуди на вашиот Е-Маил
Контакт

Улица."27 Март" бр.3
1000 Скопје Македонија

тел/факс: +389 02 / 3132312
тел: +389 02 / 3109448

e-mail:
[email protected]
[email protected]

Има моментално присутни.