Атина - автобус - Нова Година 03.11.2015




 

 

 

 



Нова година 2018 АТИНА


 

Автобус / 5 дена / 2 ноќи



Атина – град посветен на божицата Атина, по која го добил името, која е и негова заштитничка. За историјата на човештвото е значајна бидејќи тука се поставени темелите на парламентарната демократија и слободните избори. Но сепак, прва асоцијација при спомнувањето на Атина е Акропол со Партенон, како најголем и најзначаен храм кој доминира со Атина две и пол илјади години. Атина е секогаш доживување, посебно во ноќните часови. Затоа ви ја нудиме можноста да ја почувствувате магијата на грчката престолнина, што ќе го направи вашиот престој незаборавен.




30 Декември (Сабота) СКОПЈЕ - АТИНА

Состанок на групата на паркингот спроти Holiday Inn во 18:00ч. Поаѓање за Атина во 18:30ч. Се патува преку граничниот премин Богородица - Евзони. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

 


31 Декември (Недела) АТИНА

Пристигнување во Атина во утринските часови. Панорамски разглед на градот со локален водич: плоштадите Омонија и Синтагма, Парламентот, Евзоните, Олимпискиот Стадион, Храмот на Зевс, Адријановата порта, Акропол... Сместување во хотел. Слободно попладне за одмор и индивидуални активности. Вечерта, дочек на Новата 2017 година на плоштадот Синтагма или факултативно новогодишна вечера во таверна на Плака со богата музичка програма и мени од грчката кујна. Ноќевање.



01 Јануари (Понеделник) АТИНА - ПЕЛОПОНЕЗ

Појадок. Целодневен факултативен излет на Пелопонез. Посета на Коринтскиот канал, најакустичниот амфитеатар од Античка Грција - Епидаурус, Микена - Античкиот град и гробницата на Агамемнон. Можност за ручек во таверна во Микена. Враќање во хотел. Вечерта, факултативно препорачуваме посета на таверна на Плака. Ноќевање.

 


02 Јануари (Вторник) АТИНА - СКОПЈЕ

Појадок. Одјавување од хотелот. Факултативна полудневна посета на пристанишното место Пиреја и Сунион, најјужниот ‘рт на Медитеранот од каде што може да се види Храмот посветен на богот на морето Посејдон. На враќање прошетка покрај најпознатите монденски летувалишта, Глифада и Вула. Во попладневните часови поаѓање за Скопје. Ноќно возење. Пристигнување во Скопје наредниот ден во утринските часови.


 

 

ЦЕНА за РАНИ УПЛАТИ до 25 Ноември:

6.140 денари (99 евра)


ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:

7.380 денари (119 евра)


 

 

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:

- Автобуски превоз на наведената релација

- Сместување во хотел 3*** на база 2 ноќевања со појадок

- Разглед на Атина со локален водич

- Организација на аранжманот и лицинциран туристички пратител на групата

 

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

- Факултативна посета на Пелопонез 25 евра

- Факултативна Новогодишна вечера во Таверна

- Вечера во Таверна со програма 01.01.2017 35евра

- Факултативна посета на Пиреја и Сунион 10евра

- Влезници за локалитетите и други факултативни посети

- Доплата за еднокреветна соба

- Задолжително патничко осигурување



Напомени:

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници.

Факултативните излети се уплатуваат првиот ден од патувањето како би можеле истите технички да се реализираат!

За факултативните излети најдобро е да се изјасните во агенцијата при уплата на аранжманот.

За овој програм важат Опшите Услови на патување на СКТМ

Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62мкд.

При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот на аранжманот како авансна уплата. Остатокот од аражманот се доплатува на 7дена пред поаѓање.


Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето.




Галерија
ПРЕБАРАЈ ПОНУДИ
СПЕЦИЈАЛНА ПОНУДА !!! Нов 5-ѕвезден хотел во подножјето на Пирин планина. Луксузниот стил создава пријатна,спокојна и опуштена атмосфера. Идеално место за опуштање со своите два ресторани, лоби барот и СПА Центарот.
Срцето на Краков, дворецот Wawel, катедралата Св.Станислав и Вацлави и кралевскиот дворец од XIV век. Пешачкиот дел опфаќа разглед на главниот плоштад и еден од најголемите средновековни плоштади во Европа, каде се наоѓаат споменикот на Адам Мицкјевиќ познат полски поет, готската црква Св. Марија, Флоријанкса улица, Еврејскиот дел Казимерц...
Будимпешта, убавица на Дунав - споменикот на Милениумот, операта, улиците Ваци, Андраши, Ракочи, парламентот, црквата Св. Стефан, мостовите на Дунав, Будим, Цитаделата, Кралската палата...
Истанбул, приказна од Ориентот - Аксарај, Бејазитовата џамија, Универзитетот, Лалели Џамијата, Римскиот Аквадукт, Златен Рог, Хотелот Пера Палас (каде Агата Кристи го напишала светски познатиот роман Ориент Експрес), плоштадот Таксим, Бешикташ стадионот, Галата кула, Египетскиот пазар, Јени џамија, Рустем Пашина Џамија, Патријаршијата, Фатих џамија...
Грузија е земја на митови и легенди. Во неа според грчките митови Јасон со Арнаутите го пронашол златното руно, а Зевс го приковал Прометеј. Според библиските легенди Новата арка застанала на планината Арарт. Од тројцата синови на Ное, Сем, Хем и Јафет, кои се разделиле кога потопот завршил, Јафет останал на Кавказот.
Понуди на вашиот Е-Маил
Контакт

Улица."27 Март" бр.3
1000 Скопје Македонија

тел/факс: +389 02 / 3132312
тел: +389 02 / 3109448

e-mail:
[email protected]
[email protected]

Има моментално присутни.