Чинкветере - автобус - 8-ми Март 16.01.2015




ЧИНКВЕТЕРЕ-ПИЗА-ПИСТОЈА-СИЕНА-ФИРЕНЦА

 

 

07 Март (среда) СКОПЈЕ – МОНТЕКАТИНИ ТЕРМЕ

Состанок на групата во 12:00часот на паркингот спроти хотел Холидеј Ин. Поаѓање во 12.30часот. Се патува преку Србија, Хрватска и Словенија. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

 

08 Март (Четврток) МОНТЕКАТИНИ ТЕРМЕ - ПИЗА - МОНТЕКАТИНИ ТЕРМЕ

Пристигнување во пладневните часови во Монтекатини Терме. Сместување во хотел. Слободно време за одмор. Во вечерните часови посета на Пиза. Прошетка по еден од највеличенствените плоштади во Италија – Плоштадот на чудата, Катедралата Дуомо, Крстилиницата Свети Јован, и познатиот симбол – Кривата кула. Слободно време за индивидуални активности. Враќање во хотел. Ноќевање.

 

09 Март (Петок) МОНТЕКАТИНИ ТЕРМЕ - CINQUE TERRE – МОНТЕКАТИНИ ТЕРМЕ

Појадок. Препорачуваме целодневна факултативна посета на CINQUE TERRE кој е под заштита на УНЕСКО од 1997 година и до кој се стигнува со воз од La Spezia. Cinque Terre е област на лигурското крајбрежје, во превод значи Пет земји, бидејќи е составено од пет села (Monterosso al Mare, Vernazza, Corniglia, Manarola i Riomaggiore и заедно со околните планини го сочинуваат Националниот парк Cinque Terre. Зградите се шарени, воглавно во пастелни нијанси, со тесни улички кој одамна му рекле “не” на модернизмот, и кој може да ги доживеете само доколку ги прошетате. Враќање во хотел. Враќање во La Spezia и поаѓање за Монтекатини Терме. Ноќевање.

 

10 Март (Сабота) МОНТЕКАТИНИ ТЕРМЕ - ПИСТОЈА - СИЕНА - МОНТЕКАТИНИ ТЕРМЕ

Појадок. Препорачуваме факултативна посета на Пистоја - типичен италијански средновековен град во регионот на Тоскана. Прошетка по плоштадот Дел Дуомо - каде доминира Катедралата Свети Зено, Крстилницата од 14 век во готски стил со бел и зелен мермер карактеристичен за тосканската готика, Кулата на Каталина која се издига на 30 м. височина ...Продолжуваме кон Сиена, еден од најубавите средновековни градови, вечниот “ривал” на Фиренца. Сиена е позната по готската архитектура со карактеристична црвена боја. Разглед на градот, опколен со ѕидини од 16 век, Плоштадот Ил Кампо во форма на школка, еден од најубавите плоштади во Европа каде доминира Градската Палата со високата кула, Катедралата со богата мозаична декорација... Слободно време и можност да се почувствува атмосферата на елитните кафулиња со “вистинскo” италијанско кафе. Враќање во Монтекатини Терме. Ноќевање.

 

11 март (Недела) МОНТЕКАТИНИ ТЕРМЕ – ФИРЕНЦА – СКОПЈЕ

Појадок. Поаѓање за Фиренца – лулката на ренесансата, градот на “Давид“ на Микеланџело, на “Раѓањето на Венера” на Ботичели, градот во кој Данте го започнал создавањето на италијанскиот литературен јазик. Разглед на главниот град на Тоскана: Катедралата Дуомо со автентичната купола – чудо на ренесансната архитектура, Палатата Векио – Градското Собрание, Плоштадот Сињорија – познат по репликата на Микелаџеловиот Давид и Галеријата Уфици која е една од најстарите и најпознати музеи во светот и каде се наоѓаат најпознатите дела на големите мајстори како Ботичели, Џото, Леонардо, Микеланџело, Рафаел, Тицијан... Понте Векио – стариот Мост од 14 век, Палатата Пити.... Во попладневните часoви поаѓање за Скопје. Ноќно возење преку Словенија, Хрватска и Србија со попатни паузи за одмор и царински формалности.

 

12 Март (Понеделник) СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје во доцните попладневни часови.

 

 

ЦЕНА ЗА РАНА УПЛАТА до 25 Јануари:

189 евра (11,720 денари)

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:

199 евра (12.340 денари)

 

 

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Превоз со високотуристички автобус на дадената релација

  • Сместување во хотел со 3* на база 3НП (ноќевање со појадок) во Монтекатини Терме

  • Посета на Пиза

  • Посета на Фиренца

  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето


ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Целодневен излет на Cinque Terre 45€ (трансфер, CinqueTerre card – воз до 5-те села, трансфер од железничка до центар на Корнилија...)

  • Посета на Пистоиа и Сиена 45 € (трансфер, локален водич)

  • Туристичка такса во хотел во Монтекатини (1-3€ се плаќа на рецепција)

  • Задолжително патничко осигурување


НАПОМЕНИ:

За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 45 патници.

Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари

За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање

Важат општите услови за патување на СКТМ

Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 7 дена пред поаѓање.

 

Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето!!!




Галерија
ПРЕБАРАЈ ПОНУДИ
СПЕЦИЈАЛНА ПОНУДА !!! Нов 5-ѕвезден хотел во подножјето на Пирин планина. Луксузниот стил создава пријатна,спокојна и опуштена атмосфера. Идеално место за опуштање со своите два ресторани, лоби барот и СПА Центарот.
Срцето на Краков, дворецот Wawel, катедралата Св.Станислав и Вацлави и кралевскиот дворец од XIV век. Пешачкиот дел опфаќа разглед на главниот плоштад и еден од најголемите средновековни плоштади во Европа, каде се наоѓаат споменикот на Адам Мицкјевиќ познат полски поет, готската црква Св. Марија, Флоријанкса улица, Еврејскиот дел Казимерц...
Будимпешта, убавица на Дунав - споменикот на Милениумот, операта, улиците Ваци, Андраши, Ракочи, парламентот, црквата Св. Стефан, мостовите на Дунав, Будим, Цитаделата, Кралската палата...
Истанбул, приказна од Ориентот - Аксарај, Бејазитовата џамија, Универзитетот, Лалели Џамијата, Римскиот Аквадукт, Златен Рог, Хотелот Пера Палас (каде Агата Кристи го напишала светски познатиот роман Ориент Експрес), плоштадот Таксим, Бешикташ стадионот, Галата кула, Египетскиот пазар, Јени џамија, Рустем Пашина Џамија, Патријаршијата, Фатих џамија...
Грузија е земја на митови и легенди. Во неа според грчките митови Јасон со Арнаутите го пронашол златното руно, а Зевс го приковал Прометеј. Според библиските легенди Новата арка застанала на планината Арарт. Од тројцата синови на Ное, Сем, Хем и Јафет, кои се разделиле кога потопот завршил, Јафет останал на Кавказот.
Понуди на вашиот Е-Маил
Контакт

Улица."27 Март" бр.3
1000 Скопје Македонија

тел/факс: +389 02 / 3132312
тел: +389 02 / 3109448

e-mail:
[email protected]
[email protected]

Има моментално присутни.