Малта - 8-ми март - авион 22.01.2016

 

 

 

 

 

 

 

МАЛТА

 

 

 

4 Дена / 3 ноќевања / Авион

 

 

Малта е најголемиот остров и културен, трговски и административен центар. Тука се премостуваат милениуми од неверојатен спектар на работи кои треба да се откријат. Каде и да одите, сценографијата и архитектура се со спектакуларна позадина. Боите се впечатливи, боите на меден-камен во мешавина со медитеранската сина. Малта е опишан како еден голем музеј на отворено. Она што ја прави уникатна е тоа што толку многу од минатото е видливо денес. Истражете ја мистериозната праисторијата на островот, рутата на стапките на Свети Павле или пак видете каде витешкиот ред на Свети Јован се борел во своите најпознати битки. Малта е одмор, Малта е расположение… Може да се релаксирате со спорт, да ги посетите познатите историски знаменитости, и сеуште да имате време за ноќен живот. Тоа е вистинската предност на престојот тука. Малта има велнес и спа објекти на луксузни хотели и одморалишта. И, ако тоа не ви е доволно, тука се другите два острови – Гозо и Comino-кои може да бидат пријатна промена на сцена за време на вашиот престој во Малта. Изборот е ваш!

 

 

 

17 март (сабота) СОФИЈА - МАЛТА

Состанок на група во ПЕТОК 16 Март во 22.30 часот на паркингот спроти хотел Холидеј Ин!!! Трансфер до аеродром во Софија, Р.Бугарија. Полетување во 07:15 часот (локално време). Слетување на аеродром во Малта во 08:20 часот (локално време). Пешачки разглед на главниот град на Малта – Валета, изграден од Витезите на Св.Џон, чие културно наследство се открива пред вас како што ќе се движите по самите улици на градот. Прошетка низ сликовитите улички се до Градините“Barracca”од каде што има панорамски поглед на Големиот Залив и на Трите Града:„Vittoriosa“, „Cospicua“„Senglea“. Посета на богато украсената Катедралата и музеј на Св. Џон, дом на светски познатите уметнички ремек дела од Караваџо и Матија Прети. По посетата на Валета можност за факултативна екскурзија до Мдина центарот на островот посетувајќи ја црквата Моста, со една од најголемите куполи во светот. Посета на фабриката за стакло Mdina Glass во Ta’Qali, каде што ќе имате можност да ја видите специфичната техника на изработка на дувано стакло. Посета на Мдина, стариот средновековен главен град на Малта (Тивкиот Град). Прошетка низ тесните поплочени улички и најважните места во градот. Разглед на малото место Атард, познатите градини Св.Антони, Претседателската Палата. Поаѓање за Св.Луис најголемото туристичко место на Малта.Сместување во хотел.Слободно време. Ноќевање.

 

18 март (недела) ГОЗО

Појадок. Можност за факултативна целодневна посета на Гозо (Calypso’s Island), вториот најглем остров во Малтешкиот архипелаг. Пред пристигнување во пристаништето Cirkewa, можност за кратка посета на Светилиштето на Пресвета Богородица на Mellieha. Гозо во грчката митологија е наречен островот на Калипсо – грчка нимфа, која го држела Одисеј на нејзиниот остров. Посета на пештерата на Калипсо во Рамла Хамра заливот и прекрасните плажи. Панорамски разглед на Рабат или Викториа, главниот град кој не потсетува дека Мдина била изградена да ја заштити целата популација на Гозо од страшните пиратски напади, заливот Xlaendi... Попладне враќање во хотел. Ноќевање.

 

19 март (понеделник) ТРИТЕ ГРАДА

Појадок. Можност за факултативна посета на трите града Senglea - Isla, Vitoriossa - Birgu, ConspicouaBormla, најубавите историски места на Малта каде ќе дознаеме повеќе за културата на живеење намалтежаните. Conspicoua пред 18 век бил познат како Bormla, име кое се уште е во употреба. Нејзините бедеми се конструирани за заштита на градот и неговите соседи Vittoriosa & Senglea. Биле изградени од страна на витешкиот ред на Малта. Посета на Vittoriosa, гратче идеално лоцирано за засолниште, познато по својата трговска, морска и воена активност. Senglea или Isla L'Isola (остров), е наречен во време на витешкиот ред. Овој локалитет е еден од најстарите градови во Малта кои датираат од 16 век. Изобилува со ботато наслетство од страна на витешкиот ред на Св.Џон. Враќање во хотел. Ноќевање.


20 март (вторник) МАЛТА – СОФИЈА

Појадок. Одјавување од хотел. Организиран трансфер до аеродром во 06.00 часот. Полетување за Софија во 08:55 часот. Слетување во Софија во 11:45 часот (по локално време).Трансфер до Скопје.






ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 299 евра (18.600 мкд)

 

Цената важи за резервации со 30% авансна уплата до 25 декември



ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 359 евра


 

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Авионски превоз на наведената релација Софија – Малта - Софија со WizzAir

  • Рачен багаж со димензии 55 х 40 х 23 цм до 10кг

  • Трансфер Скопје – Софија - Скопје

  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром во Малта.

  • Сместување во хотел 3* на база 3 ноќевања со појадок

  • Организиран разглед по програмата на Валета

  • Организација на аранжманот и лиценциран придружник на патувањето


ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Аеродромски такси по лице се 4.900 денари

  • Чекиран багаж – 1 парче до 20кг = 5.000 мкд

  • Факултативна посета на Мдина (МОСТА – ТА’АЛИ – ГРАДИНИТЕ на СВ.АНТОН)

  • Факултативна посета на Гозо

  • Факултативна посета на Трите Града SЕNGLEA, BIRGU, BORMLA

  • Туристичка такса се плаќа во хотел

  • Влезници за културно историските музеи

  • Патничко осигурување

  • Сите неспоменати трошоци



НАПОМЕНИ:

  • ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ ПРИ РЕЗЕРВАЦИЈА ВО АГЕНЦИЈА !!!!

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници

  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од пасош,

  • Комплетна доплата 14 дена пред поаѓање.

  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд

  • Калкулацијата за факултативните излети е направена нa минимум 15 особи, пријавувањето е при резервација во агенција


Општи напомени за патување:

  • Т.А.Магелан Травел Сервис го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.

  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.

  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на редоследот на факултативните излети наведени во програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.

  • За овој програм важат Опшите Услови на патување на СКТМ и Магелан Травел Сервис

  • Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето.



ФАКУЛТАТИВИ МАЛТА


Целодневен излет во Валета и Медина

(40 евра со вклучена влезница за катедралата Свети Јован)

Прошетка низ живописните улички на Валета каде ќе ја откриете убавината и шармот на град Валета изграден од витезите во 1566. Витешкиот ред на Свети Јован кој владеел со островот 268 години и оставил уникатно културно наследство. Посета на Градините горна Барака од каде се ужива во панорамскиот поглед на главното пристаниште која ве остава без здив. Посета на катедралата Свети Јован, заедно со ремек делата на Караваџо во Ораториумот. Пешки се оди по улицата Република до Палатата на главните Мајстори и неодамна реставрираниот плоштад Свети Јован. Факултативно - продолжуваме кон средновековниот град М`дина, поранешниот главен град на Малта. Тесните, ветровити улички кои датираат назад од периодот на Арапската власт водат до импозантните бастиони од кои се ужива прекрасен панорамски поглед на островите. Попатно се гледа најразличен стил на архитектура, заедно со средновековните Сикуло-Нормански палати и други барокни градби од огромна историска важност. Времето како да стои во овој мал рај за филмските продуценти – М`дина. Од М`дина се излегува низ Грчката Капија од каде се оди до гребените кај Дингли. Турата завршува со посета на ботаничките градини на Сан Антон кои се наоѓаат близу кралската палата, на која може да и` се восхитуваме само однадвор.


Целодневен излет на островот Гозо

(65 евра со вклучен траект)

Со фериброд (20 минути) се оди до пристаништето М`гар. Се пешачи низ мегалитските храмови на Г`гантија, најстариот природен споменик на светот, кој датира уште пред Египетските пирамиди. Потоа одиме до средновековната цитадела Викторија, заливот Ксленди и азурниот прозорец Дверџа. Островот Гозо е надалеку познат по занаетчиството, особено по рачно изработените чипки и плетените облеки. Посетителите уживаат во живописната островска околина, неговата спокојна атмосфера.


Полудневен излет на трите града (45 евра)

На спротивната страна на Валета се наоѓаат познатите три града – Виториоса, Коспикуа и Сенглеа, каде витезите од редот на Свети Јован најпрво се населиле во 1530-та година. Возејќи низ Коспикуа се стига до Виториоса каде се пешачи низ тесните улички во сенка на историските згради, заедно со првите хостели на различните јазици на Витешкиот ред. Потоа се оди до Градините во Сенглеа, кои се лоцирани на врвот од островот и од каде се протега прекрасен панорамски поглед од 360 степени на целиот остров и тврдината Свети Анџело од каде Големите Мајстори на Ла Валета ја водеа битката за одбрана на островот за време на големата опсада во 1565-та година.



Галерија
ПРЕБАРАЈ ПОНУДИ
СПЕЦИЈАЛНА ПОНУДА !!! Нов 5-ѕвезден хотел во подножјето на Пирин планина. Луксузниот стил создава пријатна,спокојна и опуштена атмосфера. Идеално место за опуштање со своите два ресторани, лоби барот и СПА Центарот.
Срцето на Краков, дворецот Wawel, катедралата Св.Станислав и Вацлави и кралевскиот дворец од XIV век. Пешачкиот дел опфаќа разглед на главниот плоштад и еден од најголемите средновековни плоштади во Европа, каде се наоѓаат споменикот на Адам Мицкјевиќ познат полски поет, готската црква Св. Марија, Флоријанкса улица, Еврејскиот дел Казимерц...
Будимпешта, убавица на Дунав - споменикот на Милениумот, операта, улиците Ваци, Андраши, Ракочи, парламентот, црквата Св. Стефан, мостовите на Дунав, Будим, Цитаделата, Кралската палата...
Истанбул, приказна од Ориентот - Аксарај, Бејазитовата џамија, Универзитетот, Лалели Џамијата, Римскиот Аквадукт, Златен Рог, Хотелот Пера Палас (каде Агата Кристи го напишала светски познатиот роман Ориент Експрес), плоштадот Таксим, Бешикташ стадионот, Галата кула, Египетскиот пазар, Јени џамија, Рустем Пашина Џамија, Патријаршијата, Фатих џамија...
Грузија е земја на митови и легенди. Во неа според грчките митови Јасон со Арнаутите го пронашол златното руно, а Зевс го приковал Прометеј. Според библиските легенди Новата арка застанала на планината Арарт. Од тројцата синови на Ное, Сем, Хем и Јафет, кои се разделиле кога потопот завршил, Јафет останал на Кавказот.
Понуди на вашиот Е-Маил
Контакт

Улица."27 Март" бр.3
1000 Скопје Македонија

тел/факс: +389 02 / 3132312
тел: +389 02 / 3109448

e-mail:
[email protected]
[email protected]

Има моментално присутни.