Будимпешта - авион - 8-ми Декември 01.09.2011

 

 

 

 

 

Убавица на Дунав БУДИМПЕШТА

 

 

 

Авион / 3 дена / 2 ноќевања

 

 

 

07.Декември (четврток) СКОПЈЕ - БУДИМПЕШТА - СЕНТ АНДРЕА
Состанок на група на аеродромот Александар Велики во 13.45 часот. Полетување за Будимпешта со Wizz Air во 15.20 часот. Пристигнување во Будимпешта. Факултативно - задолжително, посета на живописното гратче Сент Андреа, во близината на Будимпешта, во кое се негуваат старата архитектура и народни ракотворби, и кое е богато со голем број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви. Сместување во хотел Golden Park 4**** . Слободно време за одмор и индивидуални активности. Ноќевање.


 

08.Декември (петок) БУДИМПЕШТА

Појадок. Панорамско разгледување на градот: споменикот на Милениумот, операта, улиците Ваци, Андраши, Ракочи, парламентот, црквата Св. Стефан, мостовите на Дунав, Будим, Цитаделата, Кралската палата, Црквата Св. Матејас, Рибарската тврдина.... Слободно време за индивидуални прошетки низ центарот на Будимпешта. Вечерта, факултативно крстарење со брод под прекрасните мостови Дунав. Потоа, факултативно вечера во традиционална унгарска чарда со богата фолклорна и музичка програма и специјалитети од унгарската кујна. Ноќевање.


 

09 Декември (сабота) БУДИМПЕШТА -- СКОПЈЕ
Појадок. Слободно време за индивидуални активности. Трансфер до аеродром. Лет на Wizz Air за Скопје во 13.25 часот. Пристигнување во Скопје во 14.50 часот.

 

 

 

Цена по лице за уплати до 25 ноември:

169 евра (10.500 мкд)

Цена на аранжманот по лице:
199 евра (12.300 ммкд)

 

 

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Авионски превоз на релација Скопје-Будимпешта-Скопје

  • Трансфер аеродром – хотел - аеродром

  • Сместување во хотел 4* Golden Park  во Будимпешта на база 2 ноќевања со појадок

  • Рачен багаж со димензии 55 цм х 40 цм х 23 цм и максимална тежина до 10кг

  • Организиран разглед на Будимпешта со локален водич

  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

 

 

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Аеродромски такси 2.100 мкд - задолжитело се плаќа во агенција !

  • чекиран багаж - куфер, со максимална тежина до 20кг - 3.400 мкд

  • Посета на Сент Андреа 10 евра – задолжитело се плаќа во агенција !

  • Вечера во ресторан – чарда 35 евра

  • Крстарење со брод по Дунав 15 евра

  • Влезници за музеите и културно-историските споменици

  • Патничко-здравствено осигурување

  • Доплата за еднокреветна соба 4.300 мкд

 

 

 

Напомени:

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници.

За овој програм важат Општите услови на патување на Магелан Травел Сервис и СКТМ.

 

Начини на плаќање:

Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари. При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот на аранжманот како авансна уплата. Остатокот од аражманот се доплатува на 7 дена пред поаѓање.

 

Општи напомени за патување:

Т.А.Магелан Травел Сервис го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.

 

Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето!!!




Галерија
ПРЕБАРАЈ ПОНУДИ
Срцето на Краков, дворецот Wawel, катедралата Св.Станислав и Вацлави и кралевскиот дворец од XIV век. Пешачкиот дел опфаќа разглед на главниот плоштад и еден од најголемите средновековни плоштади во Европа, каде се наоѓаат споменикот на Адам Мицкјевиќ познат полски поет, готската црква Св. Марија, Флоријанкса улица, Еврејскиот дел Казимерц...
Будимпешта, убавица на Дунав - споменикот на Милениумот, операта, улиците Ваци, Андраши, Ракочи, парламентот, црквата Св. Стефан, мостовите на Дунав, Будим, Цитаделата, Кралската палата...
Истанбул, приказна од Ориентот - Аксарај, Бејазитовата џамија, Универзитетот, Лалели Џамијата, Римскиот Аквадукт, Златен Рог, Хотелот Пера Палас (каде Агата Кристи го напишала светски познатиот роман Ориент Експрес), плоштадот Таксим, Бешикташ стадионот, Галата кула, Египетскиот пазар, Јени џамија, Рустем Пашина Џамија, Патријаршијата, Фатих џамија...
Понуди на вашиот Е-Маил
Контакт

Улица."27 Март" бр.3
1000 Скопје Македонија

тел/факс: +389 02 / 3132312
тел: +389 02 / 3109448

e-mail:
[email protected]
[email protected]

Има моментално присутни.