Санторини - 11-ти Октомври 14.08.2017

 

 

 


11 О К Т О М В Р И  

НА  САНТОРИНИ

 

НАЈРОМАНТИЧНИОТ ОСТРОВ НА СВЕТОТ

 

 

 

 


ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:

199 ЕУР/ 12.340.00 ДЕН

 

ЗА УПЛАТА ДО 31.08.2017

179 ЕУР (11.100 ДЕН.)


 

 

 

1. Ден : 06.10. Петок, Скопје – Санторини

Состанок на групата на паркингот спроти хотел Холидеј Ин во 15:30ч.

Поаѓање на автобусот во 16:00ч, се патува преку граничен премин Богородица/Гевгелија со куси попатни паузи и царински формалности. Патувањето продолжува (ноќно возење) према Атина/ Пиреа.

 

 

2. Ден : 07.10. Сабота,

Пристигнување на пристаниште Пиреа во раните утрински часови, чекирање и сместување на брод.

Поаѓање од пристаниште во 07:25ч, и пловење за Санторини.

Пристигнување на Санторини во 15.30ч. Трансфер од пристаниште до сместувањето во Камари.

Време за краток одмор, и слободни активности. Во вечерните часови во договор со групата и нашиот водич посета/вечера во некоја од таверните во Фира и прошетка низ ФИРА главниот град на Санторини, местото на светлината и шармот на островот, каде ќе имаме можност за ноќно фотографирање. Во полноќните часови со нашиот автобус враќање во Камари. Ноќевање.

 

 

3. Ден : 08.10.Недела,

Појадок.По појадокот,околу 10 часот заминување на факултативна целодневна екскурзија и разглед на островот, со залез на сонце во OIA. Посета на Археолошки град Акротири, црвената плажа, Манастирот St.Ilijas, Калдера. Во вечерните часови посета на OIA каде што ќе се види најубавиот залез на сонцето. По залезот на сонцето враќање во хотел во Камари, време за одмор, индивидуални активности и индивидуална прошетка и посета на некои од таверните и ноќните барови во Камари. Ноќевање.

 

 

4.Ден : 09.10.Понеделник,

Појадок.По појадокот околу 09 часот поаѓање на факултативна екскурзија крстарење со традиционален брод во траење од 5 часа (Крстарање по калдера и посета на новиот вулкан – ПЕС(за влез на вулканот задолжителна доплата од 2,5 еур) од каде што се гледаат сите седум кратери). Можност за капење во топлите води на стариот вулкан, посета на островот Тирасија и слободно време за индивидуален ручек во некоја од таверните. Враќање на пристаниште и трансфер до хотел, слободна вечер. Ноќевање.

 

 

5.Ден : 10.10. Вторник,

Појадок.Напуштање на собите во 11:00ч. Факултативна посета на најубавата и една од таков вид винарија во Грција.G. Koutsoyannopoulos Winery - Wine Museum, која датира од 1600-та година и се наоѓа 8 метри под земја(во природна карпа) во дожина од 300- та метри, поврзана со подземни простории во кој се гледаат (со анимации) презентации за историјата на виното. Во историјата на оваа винарија прикажани се сите четиринаесет генерации на производители на вино, од нејзиниот почеток до денес,посетата на винаријата завршува со дегустација и презентација на четирите најпознати вина кои што се произведуваат во оваа винарија ,односно на Санторини. По посетата на винаријата околу 14ч, трансфер до пристаниште, чекирање и сместување на брод.Поаѓање за Пиреа во15:25ч. Ноќно пловење према Пиреја/ Атина. Пристигнување на пристаниште на Пиреја околу 23:30ч.по локално време.

 

 

6.Ден 11.10. Среда,

Патувањето продолжува со автобус од Пиреја према граничен премин Евзони, со попатни паузи. Пристигнување во Скопје во утринските часови.

 

 

Цената вклучува:

 

* Превоз со високо туристички автобус (кој е на располагање и на Санторини)

* Три ноќевања со појадок во Камари, хотел 3*** или 2**

* Бродска карта, Пиреја – Санторини – Пиреја.

* Трансфер пристаниште - хотел –пристаниште (со истиот автобус со кој патуваме).

* Пратител и водич од Агенцијата.

 

 

 

Цената не вклучува Факултативи по програмата

 

*Вечерна посета на Фира главниот град на Санторини(втор ден ) = 5 еур.

* целодневна екскурзија и разглед на островот(автобус+ водич, ден 3 ти по програмата) = 35 еур.

* целодневна екскурзија со брод (автобус + водич + брод, ден 4 ти по програмата) = 35 еур.

* посета на винарија (автобус+водич+влезница за винарија, резервација и дегустација на вино (5 ти ден по програмата) = 18 еур.

* Ручек/вечера (Фира/Камари/ индивидуално по желба на патниците).

* Задолжително здравствено патничко осигурување.

 

 

 

Напомена:

**Плаќање во денарска противредност 1 еур = 62 МКД.

**За реализација на овој аранжман потребен е минимум од 40 патници.

**За овој аранжман важат општите услови на Т.А. Магелан Травел Сервис, и општите услови за патување на СКТМ.


 

Галерија
ПРЕБАРАЈ ПОНУДИ
СПЕЦИЈАЛНА ПОНУДА !!! Нов 5-ѕвезден хотел во подножјето на Пирин планина. Луксузниот стил создава пријатна,спокојна и опуштена атмосфера. Идеално место за опуштање со своите два ресторани, лоби барот и СПА Центарот.
Срцето на Краков, дворецот Wawel, катедралата Св.Станислав и Вацлави и кралевскиот дворец од XIV век. Пешачкиот дел опфаќа разглед на главниот плоштад и еден од најголемите средновековни плоштади во Европа, каде се наоѓаат споменикот на Адам Мицкјевиќ познат полски поет, готската црква Св. Марија, Флоријанкса улица, Еврејскиот дел Казимерц...
Будимпешта, убавица на Дунав - споменикот на Милениумот, операта, улиците Ваци, Андраши, Ракочи, парламентот, црквата Св. Стефан, мостовите на Дунав, Будим, Цитаделата, Кралската палата...
Истанбул, приказна од Ориентот - Аксарај, Бејазитовата џамија, Универзитетот, Лалели Џамијата, Римскиот Аквадукт, Златен Рог, Хотелот Пера Палас (каде Агата Кристи го напишала светски познатиот роман Ориент Експрес), плоштадот Таксим, Бешикташ стадионот, Галата кула, Египетскиот пазар, Јени џамија, Рустем Пашина Џамија, Патријаршијата, Фатих џамија...
Грузија е земја на митови и легенди. Во неа според грчките митови Јасон со Арнаутите го пронашол златното руно, а Зевс го приковал Прометеј. Според библиските легенди Новата арка застанала на планината Арарт. Од тројцата синови на Ное, Сем, Хем и Јафет, кои се разделиле кога потопот завршил, Јафет останал на Кавказот.
Понуди на вашиот Е-Маил
Контакт

Улица."27 Март" бр.3
1000 Скопје Македонија

тел/факс: +389 02 / 3132312
тел: +389 02 / 3109448

e-mail:
[email protected]
[email protected]

Има моментално присутни.