Брисел - 8ми март - авион 20.01.2015

 

 

 

 

 

БРИСЕЛ – АНТВЕРПЕН - ЛУКСЕМБУРГ

 

 

 

АВИОН / 4 дена / 3 ноќевања

 

 


10 март 2018 СКОПЈЕ - БРИСЕЛ

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 11.40 часот. Авионот за Брисел полетува во 13.25, слетува во 16.10 часот. Организиран трансфер од аеродромот до хотел. Сместување во хотел. Вечерна прошетка и запознавање на дел од знаменитостите во централниот дел на Брисел. Ноќевање.


11 март 2018 БРИСЕЛ

Појадок. Ден посветен на Брисел – градот познат по чоколадата, пивото и гастрономијата. Разглед на административниот центар на Европската Унија каде се наоѓаат Европскиот Парламент, Советот на Европската Унија, Кралската палата, Катедралата, Атомиумот - неверојатното архитектонско дело изградено за светската изложба Expo, фонтаната Манекен Пис... Препорачуваме посета на една од познатите работилници-фабрики на прочуените белгистки чоколади. Слободно попладне во кое може да се направи организирана посета на ресторан или посета на знаментост-музеј или пак индивидуални активности. Ноќевање.


12 март 2018 АНТВЕРПЕН И БРИЖ

Појадок. Целодневен факултативен излет до Антверпен и Бриж. Антверпен се наоѓа во регионот Фландрија, во покраината Антверпен, сместен во северозападниот дел на Белгија, на брегот на реката Шелда. Еден од најголемите пристанишни центри во Европа и стопански центар на Белгија, своето име го добил по џинот Антигон кој живеел на брегот на реката Шелда. Легендата вели дека џинот барал високи такси за бродовите кои пловеле по реката и ги сечел рацете на тие кои немале пари да платат. Меѓутоа еден храбар римски војник чул за овој варварски чин, одлучил да се спротивстави, му ја исекол раката на џинот и ја врлил во реката. Името на градот настанал по оваа легенда, Handwerpen значи фрлање рака. Разглед на градот: Најголемата готска црква-каедрала во Европа “Onze lievevrouwekathedral” украсена со ремек делата на Рубенс, Музејот за дијаманти, Grote Markt – старата чаршија во центарот на градот, музејот Платим-Моретус под заштита на УНЕСКУ кој ја прикажува историјата на новите технологии и напредокот на модерниот човек, куќата- музеј на Петер Пол Рубенс, легендарниот сликар од барокната ера, музејот Руиен кој посетителите ги води во подземните канали на градот каде може да се види наследството на градот, зоолшката градина како една од најстарите во светот...

Патувањето продолжува кон Бриж, кој го сметаат за еден од најубавите мали градови во Европа. Град кој го нарекуваат "Венеција на северот", вистински скапоцен камен на овој дел од Европа, опкружен со живописни канали. Со неговата целосно зачувана готска архитектура, Бриж е под заштита на УНЕСКУ. Разглед на градот: Главниот плоштад, Градското собрание, Црквата Пресвета Богородица... Слободно време за крстарење по каналите или дегустирање на познатите белгиски пива. Враќање во Брисел во вечерните часови. Ноќевање.


13 мар 2018 ЛУКСЕМБУРГ - СКОПЈЕ

Појадок. Целодневен факултативен излет во Луксембург. Големото Војводство Луксембург – земја богата со културни споменици и сликовити пејсажи. Позната по старите дворци и палати, карпестата уметност (северниот дел Луксембург е богат со пештери исцртани со цртежи од праисторијата), подземните канали кои во Првата и Втората светска војна служеле како засолниште за десетици илјади граѓани. Денес дел од тие канали се подземни галерии и туритички атракции. Прошетка и запознавање на градот: старото градско јадро сместено на стрмен дел од градот, плоштадот Армс, градското Собрание, Војводската Палата, споменикот на кнегињата Шарлот, Катедралата... Организиран трансфер до аеродром. Авионот за Скопје полетува во 21.05, пристигнување во Скопје во 23.45 часот на аеродромот Александар Велики.






ЦЕНА за уплати до 15 декември:

319€ (19.780,00 мкд)


ЦЕНА за уплати до 15 јануари:

349 евра (21.640,00 мкд)


Цена на аранжманот:

379€ (23.500,00 мкд)


 

 

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Авионски превоз на релација Скопје-Брисел-Скопје

  • Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 55х40х23 см максимална тежина до 10 кг.)

  • Организиран трансфер аеродром-хотел-аеродром

  • Сместување во Хотел 3* во Брисел на база 3 ноќевања со појадок

  • Организиран разглед на Брисел

  • Организација на аранжманот и лиценциран придружник на патувањето


ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Аеродромски такси 4.280 мкд

  • Доплата за куфер до 20кг - 2.500мкд и куфер 32кг - 3.100 мкд

  • Екскурзија Антверпен и Бриж 65 евра

  • Екскурзија Луксембург 65 евра

  • Туристичка такса - 600 ден, се плаќа во агенција

  • Влезници во локалитетите, карти за локален превоз

  • Патничко – здравствено осигурување 250мкд


НАПОМЕНИ:

За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ.

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници.

Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.

Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62мкд.

Пасошот треба да важи минимум 180 дена по завршувањето на патувањето.



Галерија
ПРЕБАРАЈ ПОНУДИ
СПЕЦИЈАЛНА ПОНУДА !!! Нов 5-ѕвезден хотел во подножјето на Пирин планина. Луксузниот стил создава пријатна,спокојна и опуштена атмосфера. Идеално место за опуштање со своите два ресторани, лоби барот и СПА Центарот.
Срцето на Краков, дворецот Wawel, катедралата Св.Станислав и Вацлави и кралевскиот дворец од XIV век. Пешачкиот дел опфаќа разглед на главниот плоштад и еден од најголемите средновековни плоштади во Европа, каде се наоѓаат споменикот на Адам Мицкјевиќ познат полски поет, готската црква Св. Марија, Флоријанкса улица, Еврејскиот дел Казимерц...
Будимпешта, убавица на Дунав - споменикот на Милениумот, операта, улиците Ваци, Андраши, Ракочи, парламентот, црквата Св. Стефан, мостовите на Дунав, Будим, Цитаделата, Кралската палата...
Истанбул, приказна од Ориентот - Аксарај, Бејазитовата џамија, Универзитетот, Лалели Џамијата, Римскиот Аквадукт, Златен Рог, Хотелот Пера Палас (каде Агата Кристи го напишала светски познатиот роман Ориент Експрес), плоштадот Таксим, Бешикташ стадионот, Галата кула, Египетскиот пазар, Јени џамија, Рустем Пашина Џамија, Патријаршијата, Фатих џамија...
Грузија е земја на митови и легенди. Во неа според грчките митови Јасон со Арнаутите го пронашол златното руно, а Зевс го приковал Прометеј. Според библиските легенди Новата арка застанала на планината Арарт. Од тројцата синови на Ное, Сем, Хем и Јафет, кои се разделиле кога потопот завршил, Јафет останал на Кавказот.
Понуди на вашиот Е-Маил
Контакт

Улица."27 Март" бр.3
1000 Скопје Македонија

тел/факс: +389 02 / 3132312
тел: +389 02 / 3109448

e-mail:
[email protected]
[email protected]

Има моментално присутни.