Истанбул - автобус - 8-ми Март 15.01.2015

 

 

 

 

 

Приказна од ориентот ИСТАНБУЛ

 

 

Автобус / 5 дена / 2 ноќи

 

 

 

08. Март (Четврток) СКОПЈЕ - ИСТАНБУЛ

Состанок на групата на паркингот спроти хотел Holiday Inn во 16:00 часот. Тргнување во 16:30 часот. Ноќно патување преку граничниот премин Богородица со попатни паузи и царински формалности.

 

09. Март (Петок) СКОПЈЕ - ИСТАНБУЛ

Пристигнување во Истанбул во утринските часови. Панорамски разглед на градот: Аксарај, Лалели Џамија, Бејазитовата Џамија, Универзитетот, Римскиот аквадукт, Златниот Рог, Хотелот Пера Палас (каде Агата Кристи го напишала светски познатиот роман Ориент Експрес), плоштадот Таксим, стадионот на Бешикташ, Галата кула, Египетскиот пазар, Јени џамија, Рустем Пашината Џамија, Патријаршијата, Сулејманија, Фатих Џамија... Сместување во хотел...Можност за посета на Sapphire Seyir Terasi највисоката “Тераса” во Европа, од каде се добива прекрасна панорамска глетка кон градот, како и можност преку 4-Д симулација да се надлета небото над Истанбул и неговите најзначајниобележја: Босфор, Галата Мостот, Девојачката Кула...Предлагаме посета на Азискиот дел на Истанбул – Ускудар - Бејлербеј, поминувајќи преку подводниот тунел Мармарас (13.5 км за 4 минути, 60 метри под нивото на водите на Босфор...Европа - Азија) прекрасно место за кафе, да се вкуси прекрасна риба во некои од познатите ресторани. Враќање во хотел преку Босфорскиот Мост симболот на Истанбул – Ноќна панорама на Истанбул...Ноќевање.

 

10. Март (Сабота) ВИЗАНТИСКИ И СУЛТАНСКИ ИСТАНБУЛ

Појадок. Факултативна посета на Сината Џамија со 6 минариња која претставува симбол на градот, прошетка по главниот историски плоштад на Истанбул, Хиподромот, палатата на Ибрахим Паша, прочуената Аја Софија, изградена во времето на владеењето на Царот Јустинијан како најголема византиска црква, подоцна претворена во џамија, а, денес музеј, отворен за сите посетители...Прошетка по просторите на Султанот Сулејман Величествениот, и стариот султанов дворец Топкапи палата која ги чува приказните за огромното богатство на султаните, опкужена со море од сите страни, каде може да се посети и со векови забранетата зона, Султановиот Харем...Подземната Цистерна Yerebatan Sarayı 14 метри под нивото на земјата, со 9.800м2 површина... Во попладневните часови, посета на Капали Чаршија, затворен трговски маркет со сплет од околу 60 улици и 4000 продавници за злато, сребро, кожа и ткаенини...Во вечерните часови, вечера во Национален Ресторан, за незаборавно доживување со уметничка програма на ориентални танци и мени од турската кујна. Ноќевање.

 

11. Март (Недела) ИСТАНБУЛ – БОСФОР - СКОПЈЕ

Појадок. Факултативна посета на Долма Бахче Сарај - последната резиденција на Отоманскиот султан, која содржи музејска збирка со непроценливо богатство, до 1922г. служел како резиденција на Отоманскиот Султан, а по 1922г. резиденција на Кемал Ататурк. Факултативно крстарење со брод по Босфор, панорамски разглед на раскошните палати од двете страни на каналот и пловење под мостовите Фатих и Босфор, кои ги поврзуваат Европа и Азија. Потоа слободно време за прошетка до плоштадот Таксим и шопинг по најпознатата улица Истиклал…Посета на познатиот Шопинг Центар Форум каде се наоѓа големиот Аквариум...Тргнување за Скопје во попладневните часови. Се патува преку Грција, со попатни паузи и царински формалности...Пристигнување во Скопје во утринските часови следниот ден.

 

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:

6.760 денари ( 109 евра )


Цена за рана уплата до 25 јануари:

6.140 денари (99 евра)

 

 

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

- Превоз со модерен туристички автобус

- Сместување во хотел 3*** на база 2 ноќевања со појадок

- Организиран разглед на Истанбул

- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

 

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

- Посета на Азискиот дел Ускудар-Белербеј, под подводниот тунел 10 евра

- Посета на Долма Бахче Сарај (водич, влезница) 25 евра

- Крстарење со брод по Босфор 15 евра

- Посета на Sapphire Seyir Terasi со 4Д проекција 25 евра

- Вечера во национален ресторан 30 евра

- Влезници во локалитетите Аја Софија 15 евра, Топ Капи 15 евра

- Yerebatan Sarayı (Потонетата Палата) 10 евра

- Задолжително патничко – здравствено осигурување

 


НАПОМЕНИ:

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници.

  • Факултативните излети се уплатуваат првиот ден од патувањето како би можеле истите технички да се реализираат !

  • За факултативните излети најдобро е да се изјасните во агенцијата при уплата на аранжманот .

  • За овој програм важат Опшите Услови на патување на СКТМ.

  • Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд. При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот на аранжманот како авансна уплата. Остатокот од аражманот се доплатува на 7дена пред поаѓање.


Општи напомени за патување:

  • Т.А.Магелан Травел Сервис го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.

Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.

 

Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето!!!



Галерија
ПРЕБАРАЈ ПОНУДИ
СПЕЦИЈАЛНА ПОНУДА !!! Нов 5-ѕвезден хотел во подножјето на Пирин планина. Луксузниот стил создава пријатна,спокојна и опуштена атмосфера. Идеално место за опуштање со своите два ресторани, лоби барот и СПА Центарот.
Срцето на Краков, дворецот Wawel, катедралата Св.Станислав и Вацлави и кралевскиот дворец од XIV век. Пешачкиот дел опфаќа разглед на главниот плоштад и еден од најголемите средновековни плоштади во Европа, каде се наоѓаат споменикот на Адам Мицкјевиќ познат полски поет, готската црква Св. Марија, Флоријанкса улица, Еврејскиот дел Казимерц...
Будимпешта, убавица на Дунав - споменикот на Милениумот, операта, улиците Ваци, Андраши, Ракочи, парламентот, црквата Св. Стефан, мостовите на Дунав, Будим, Цитаделата, Кралската палата...
Истанбул, приказна од Ориентот - Аксарај, Бејазитовата џамија, Универзитетот, Лалели Џамијата, Римскиот Аквадукт, Златен Рог, Хотелот Пера Палас (каде Агата Кристи го напишала светски познатиот роман Ориент Експрес), плоштадот Таксим, Бешикташ стадионот, Галата кула, Египетскиот пазар, Јени џамија, Рустем Пашина Џамија, Патријаршијата, Фатих џамија...
Грузија е земја на митови и легенди. Во неа според грчките митови Јасон со Арнаутите го пронашол златното руно, а Зевс го приковал Прометеј. Според библиските легенди Новата арка застанала на планината Арарт. Од тројцата синови на Ное, Сем, Хем и Јафет, кои се разделиле кога потопот завршил, Јафет останал на Кавказот.
Понуди на вашиот Е-Маил
Контакт

Улица."27 Март" бр.3
1000 Скопје Македонија

тел/факс: +389 02 / 3132312
тел: +389 02 / 3109448

e-mail:
[email protected]
[email protected]

Има моментално присутни.