Атина - автобус - 8-ми Март 15.01.2015






АТИНА


Автобус 4 дена / 2 ноќи



08 март (четврток) СКОПЈЕ - АТИНА

Состанок на групата на паркингот на Holiday Inn во 18:00ч. Поаѓање за Атина во 18:30ч. Се патува преку граничниот премин Богородица - Евзони. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

 

09 март (петок) АТИНА

Пристигнување во Атина во утринските часови.Панорамски разглед на градот со локален водич. Ќе се посетат: Плоштадите Омонија, Синтагма, Парламентот, Евзоните, Олимпискиот Стадион, Храмот на Зевс, Адријановата порта, Акропол... Сместување во хотел. Слободно попладне за одмор и индивидуални активности. Вечерта, факултативно вечера во таверна на Плака со богата музичка програма и мени од грчката кујна. Ноќевање.

 

10 март (сабота) АТИНА - ПЕЛОПОНЕЗ

Појадок. Целодневен факултативен излет на Пелопонез. Посета на Коринтскиот канал, најакустичниот амфитеатар од Античка Грција - Епидаурус, Микена, Античкиот град и гробницата на Агамемнон. Можност за ручек во локална таверна, како и посета на продавница со рачно изработени сувенири од порцелан и керамика. Враќање во Атина. Ноќевање.

 

11 март (недела) АТИНА - СКОПЈЕ

Појадок. Одјавување од хотелот. Факултативна полудневна посета на пристанишното место Пиреја и Сунион, најјужниот ‘рт на Медитеранот од каде што може да се види Храмот посветен на богот на морето Посејдон. На враќање прошетка покрај најпознатите монденски летувалишта, Глифада и Вула. Во попладневните часови поаѓање за Скопје. Ноќно возење. Пристигнување во Скопје наредниот ден во утринските часови.

 

 


ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:

119 евра....... 7.380 денари


За уплата до 25 Јануари:

109 евра…….. 6.820 денари

 

 

 

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:

- автобуски превоз на наведената релација

- сместување во хотел 3*** на база на 2 ноќевања со појадок

- разглед на Атина со локален водич

- организација на аранжманот и пратител на групата

 

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

- Факултативна посета на Пелопонез 30 €

- Вечера во таверна со богата музичка програма 35 €

- разглед на Пиреј и Сунион 10 €

- Задолжително патничко осигурување

- Доплата за 1/1

- влезници за локалитетите

- други факултативни посети

 

Напомена:

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници.

  • Факултативните излети се уплатуваат првиот ден од патувањето како би можеле истите технички да се реализираат !

  • За факултативните излети најдобро е да се изјасните во агенцијата при уплата на аранжманот .

  • За овој програм важат Опшите Услови на патување на СКТМ.

  • Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд. При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот на аранжманот како авансна уплата. Остатокот од аражманот се доплатува на 7дена пред поаѓање.


Општи напомени за патување:

  • Т.А.Магелан Травел Сервис го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.


Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.

Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето!!!



Галерија
ПРЕБАРАЈ ПОНУДИ
СПЕЦИЈАЛНА ПОНУДА !!! Нов 5-ѕвезден хотел во подножјето на Пирин планина. Луксузниот стил создава пријатна,спокојна и опуштена атмосфера. Идеално место за опуштање со своите два ресторани, лоби барот и СПА Центарот.
Срцето на Краков, дворецот Wawel, катедралата Св.Станислав и Вацлави и кралевскиот дворец од XIV век. Пешачкиот дел опфаќа разглед на главниот плоштад и еден од најголемите средновековни плоштади во Европа, каде се наоѓаат споменикот на Адам Мицкјевиќ познат полски поет, готската црква Св. Марија, Флоријанкса улица, Еврејскиот дел Казимерц...
Будимпешта, убавица на Дунав - споменикот на Милениумот, операта, улиците Ваци, Андраши, Ракочи, парламентот, црквата Св. Стефан, мостовите на Дунав, Будим, Цитаделата, Кралската палата...
Истанбул, приказна од Ориентот - Аксарај, Бејазитовата џамија, Универзитетот, Лалели Џамијата, Римскиот Аквадукт, Златен Рог, Хотелот Пера Палас (каде Агата Кристи го напишала светски познатиот роман Ориент Експрес), плоштадот Таксим, Бешикташ стадионот, Галата кула, Египетскиот пазар, Јени џамија, Рустем Пашина Џамија, Патријаршијата, Фатих џамија...
Грузија е земја на митови и легенди. Во неа според грчките митови Јасон со Арнаутите го пронашол златното руно, а Зевс го приковал Прометеј. Според библиските легенди Новата арка застанала на планината Арарт. Од тројцата синови на Ное, Сем, Хем и Јафет, кои се разделиле кога потопот завршил, Јафет останал на Кавказот.
Понуди на вашиот Е-Маил
Контакт

Улица."27 Март" бр.3
1000 Скопје Македонија

тел/факс: +389 02 / 3132312
тел: +389 02 / 3109448

e-mail:
[email protected]
[email protected]

Има моментално присутни.