Рим - 1-ви Мај - авион 02.04.2015

 

 

 

 

 

Сите патишта водат кон РИМ

 

 

 

 

Авион / 4 дена / 3 ноќевања

 

 

 

27. Април (Петок) СКОПЈЕ - РИМ

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 12:30 часот. Полетување за Рим во 13:45 и слетување во 15:25 часот. Панорамско разгледување на градот: Плоштадот Дел Пополо, Виа Дел Корсо, Плоштадот Венеција со споменикот на Виктор Емануеле, мостовите на Тибар, Палатата на Правдата, Тврдината Сан Ангело, Црквата Св. Петар... Трансфер до хотелот и сместување. Вечерна прошетка до Плоштадот на уметниците со прекрасните фонтани – Плоштадот Навона, да се почувствува атмосферата на кафулињата со “вистинско” италијанско кафе. Ноќевање.

 

 

 

28. Април (Сабота) РИМ

Појадок. Препорачуваме факултативна посета на Ватикан: Ватиканските музеи со восхутивачките колекции на слики, скулптури, стари мапи и таписерии, незаобиколната Систинска капела чиј свод е украсен од Микеланџело со уникатни ремек дела и најголемата Црква на светот Св. Петар... Попладневна прошетка низ центарот на Рим и уживање во убавините на градот: посета на Шпанските скали познати како "дневна соба на градот", Фонтаната Ди Треви со легендата за фрлање паричка за повторно враќање во Рим, Пантеон, Црквата Св. Климент, Црквата Св. Петар во ланци со статуата Мојсие – познатото дело на Микеланџело, Колосеумот, Римскиот Форум, прекрасниот Плоштад Кампидољо... Ноќевање.

 

 

 

29. Април (Недела) РИМ - ТИВОЛИ

Појадок. Факултативна посета на паркот Тиволи со прекрасната Вила Д'Есте. Ренесансната палата е единствена по своите илјада фонтани, а најубавите од нив имитираат звуци на птици и музички инструменти. Препорачуваме прошетка до боемскиот кварт Транстевере и вечера во национален ресторан – траториа, со мени од италијанската кујна. Ноќевање.

 

 

 

30. Април (Понеделник) РИМ - СКОПЈЕ

Појадок. Слободно време за шопинг по познатата улица Виа Дел Корсо. Трансфер до аеродромот во Рим. Полетување за Скопје во 16:00 и слетување во 17:35 часот.

 

 

 

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:

379 евра (23.500 денари)

 

 

 

 

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

- Авионски превоз на релација Скопје-Рим-Скопје

- Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 55х40х23cm до 10kg)

- Трансфери во Рим од аеродромот до хотелот и обратно

- Сместување во Хотел 4* во центарот на Рим на база 3 ноќевања со појадок (www.raelihotels.it)

- Организиран панорамски разглед на градот

- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

 

 

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

- Аеродромски такси 3.100 денари

- Багаж за чекирање 1 куфер до 20 kg 2.300 денари

- Туристичка такса 6 евра на ден (се плаќа во хотелот)

- Факултативни излети: Посета на Ватикан со локален водич, превоз, резервација и влезница 50 евра

- Организирана пешачка прошетка низ центарот на Рим 15 евра

- Посета на Тиволи 50 евра

- Факултативна вечера во ресторан

- Влезници во музеите и културно историските споменици

- Карти за локален превоз (метро)

- Патничко – здравствено осигурување 250 денари

 

 

 

НАПОМЕНИ: За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници

- За овој аранжман важат Опшите услови за патување на Магелан Травел Сервис

Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари

 

Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето.




Галерија
ПРЕБАРАЈ ПОНУДИ
АПРИЛСКА ПРОМОЦИЈА !!! ПЕФКОХОРИ ВИЛА КОНСТАНТИН Лукс
Хотели Грција за 1-ви Мај и Св. Кирил. Гранд Отел - Ханиоти Калипсо - Ханиоти Тропикал - Ханиоти Ал Маре - Полихроно
Приватно сместување во Ханиоти.
Понуди на вашиот Е-Маил
Контакт

Улица."27 Март" бр.3
1000 Скопје Македонија

тел/факс: +389 02 / 3132312
тел: +389 02 / 3109448

e-mail:
[email protected]
[email protected]

Има моментално присутни.