Љубљана - автобус - 8-ми Март 15.01.2015

 

 

 

 

 

ЉУБЉАНА и бисерите на Словенија

 

 

 

08. Март (четврток) СКОПЈЕ - ЉУБЉАНА

Состанок на групата на паркингот спроти х. Holiday Inn во 16.00 часот. Поаѓање за Љубљана во 16.30 часот. Се патува преку граничниот премин Tабановце, Србија и Хрватска, со попатни паузи и гранични формалности. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

 


09. Март (петок) ЉУБЉАНА

Пристигнување во Љубљана во утринските часови. Разгледување на градот: Симболот на градот - Змејскиот Мост, Трите мостови на реката Љубљаница, Прешерновиот споменик во чест на најголемиот словенечки поет Франц Прешерн, Фрањевачката Црква или Црквата на Воведувањето на Пресвета Богородица која е уште еден симбол на градот, Робовата Фонтана или Фонтаната на трите реки-најпозната фонтана од бел мермер... Сместување во хотел. Слободно попладне. Ноќевање.

 

 

10. Март (сабота) ЉУБЉАНА - ПОСТОЈНА - ТРСТ - ЉУБЉАНА

Појадок. Предлагаме факултативна посета на Постојнска Јама - најпосетуваната туристичка атракција во Словенија. Патувањето продолжува кон Трст. Посета на дворецот Мира Мар во Трст. Разглед на градот: Piazza dell`Unita, кој е изграден во австриски стил и е единствениот што излегува на море, околу плоштадот има прекрасни згради, како Општината, Министерството за правда и типични италијански кафулиња. Препорачуваме да се напиете вистинско италијанско кафе во едно од најубавите кафулиња во Италија - Caffe San Marko со неверојатен амбиент и ентериер. Каналот Grande во близина на плоштадот на кој се наоѓа статуата во чест на James Joyce кој долго време творел во Трст. Враќање во Љубљана. Ноќевање.

 

 

11. Март (недела) ЉУБЉАНА - БЛЕД - БОХИЊ - СКОПЈЕ

Појадок. Факулатативна посета на Блед - бисерот на Словенските Алпи, вистинско богатство на природа опкружено со планинските врвови. Можност за посета на Бледската тврдина од каде се простира раскошен поглед на езерото. Слободно време за прошетки покрај езерото и уживање во кафе и познатите бледски кремпити. Продолжуваме кон Бохињ, и Бохињското глечерското езеро кое е најголемото природно езеро во Словенија и е вклучено во Националниот прак Триглав.. Слободно време до поаѓање за Македонија.

 

 

12. Март (понеделник) СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје наредниот ден во предпладневните часови.

 

 

 

Цена во претпродажба до 25 Јануари:

129 евра (8.000,00 мкд.)

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:

139 евра (8.620,00 мкд.)

 

 

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

- Превоз со високо туристички автобус на наведената релација.

- 2 ноќевања со појадок во хотел 3*** во Љубљана.

- Разгледување на градот со локален водич.

- Организација на аранжманот и придружник на патувањето.

 

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

- Туристичка такса 2 евра на ден (се плаќа во хотелот).

- Факултативна посета на Постојнска Јама Трст (65 евра).

- Факултативна посета на Блед и Бохињ (25 евра).

- Влезници за локалитети.

- Задолжително патничко-здравствено осигурување.

 

 

НАПОМЕНИ:
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници.

Пријавување за факултативните излети при резервација на аранжманот.
Плаќањето се врши исклучиво во денарска противредност 1 € = 62 денари.

Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето.

Организаторт го задржува правото на промена на редоследот на реализација на програмата.

Организаторот го задржува правото на промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите.
За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ


 

Галерија
ПРЕБАРАЈ ПОНУДИ
СПЕЦИЈАЛНА ПОНУДА !!! Нов 5-ѕвезден хотел во подножјето на Пирин планина. Луксузниот стил создава пријатна,спокојна и опуштена атмосфера. Идеално место за опуштање со своите два ресторани, лоби барот и СПА Центарот.
Срцето на Краков, дворецот Wawel, катедралата Св.Станислав и Вацлави и кралевскиот дворец од XIV век. Пешачкиот дел опфаќа разглед на главниот плоштад и еден од најголемите средновековни плоштади во Европа, каде се наоѓаат споменикот на Адам Мицкјевиќ познат полски поет, готската црква Св. Марија, Флоријанкса улица, Еврејскиот дел Казимерц...
Будимпешта, убавица на Дунав - споменикот на Милениумот, операта, улиците Ваци, Андраши, Ракочи, парламентот, црквата Св. Стефан, мостовите на Дунав, Будим, Цитаделата, Кралската палата...
Истанбул, приказна од Ориентот - Аксарај, Бејазитовата џамија, Универзитетот, Лалели Џамијата, Римскиот Аквадукт, Златен Рог, Хотелот Пера Палас (каде Агата Кристи го напишала светски познатиот роман Ориент Експрес), плоштадот Таксим, Бешикташ стадионот, Галата кула, Египетскиот пазар, Јени џамија, Рустем Пашина Џамија, Патријаршијата, Фатих џамија...
Грузија е земја на митови и легенди. Во неа според грчките митови Јасон со Арнаутите го пронашол златното руно, а Зевс го приковал Прометеј. Според библиските легенди Новата арка застанала на планината Арарт. Од тројцата синови на Ное, Сем, Хем и Јафет, кои се разделиле кога потопот завршил, Јафет останал на Кавказот.
Понуди на вашиот Е-Маил
Контакт

Улица."27 Март" бр.3
1000 Скопје Македонија

тел/факс: +389 02 / 3132312
тел: +389 02 / 3109448

e-mail:
[email protected]
[email protected]

Има моментално присутни.