Стразбур - авион - 11-ти октомври 09.05.2017

 

 

 

 

 

 

 

СТРАЗБУР – АЛЗАС – КОЛМАР– ШВАРЦВАЛД

 

 

Авион 5 дена / 4 ноќевања

 

 

 

Во Франција, на исток заграден со планинскиот масив Вогези, а на запад со Германија, се наоѓа регионот АЛЗАС. Историјата, пејсаѓот и културата на овој дел од Франција пленат со својата убавина, разновидност... Главен град на регионот е СТРАЗБУРкој е еден од најзначајните центри на Европската Унија. Карактеристично за овој регион се лозовите насади кои ги даваат едни од најпознатите сорти на вина, врв на светскиот квалитет на бели вина од ароматични сорти на грозје. Со својата величествена и дива убавина, планинскиот масив ШВАРЦВАЛД ( Црната Шума) во германската сојузна држава Баден – Буртенберг формира издолжен правоаголник помеѓу градовите Карлсруе, Штудгард, Базел и езерото Констанца. Шварцвалд отсекогаш фасцинирал и инспирирал со непрегледните низи на ели, борови и буки, потоци, реки и горски езера, пасишта и ливади... аво плодната долина се сместени симпатичните градчиња и села...

 

 

 

06.Октомври.2017 Скопје – Фридрихшафен - Стразбур

Состанок на групата во 11:20 часот на аеродромот Александар Велики во Скопје. Полетување за Фридрихшафен во 13:05 часот лет.бр W6 7725, слетување во 15:10 часот. Трансфер до Стразбур со попатна посета на Боденското Езеро. Позната туристичка атракција,се наоѓа на тромеѓето помеѓу Австрија, Швајцарија и Германија и место познато како извор на една од најдолгите реки во Европа – Рајна. Пристигнување во Стразбур во вечерните часови и сместување во хотел. Ноќевање.

 

 

 

07.Октомври.2017 Стразбур

Појадок. Разглед на Стразбур - град во покраината Алзас на истокот на Франција на реката Ил. Во Стразбур се наоѓаат седиштата на Европскиот совет и на Европскиот парламент, Маѓународниот суд за човекови права и други важни европски и светски институции. Разглед на историскиот центар на градот: величенствената катедрала Нотр Дам градена од 12-ти до 15-ти век во готски стил висока 142 метри, Старата царина, Палатата Рохан, куќата Камерзел, плоштадот Гутенберг. Стариот дел на градот, заштитена како светско културно наследство од УНЕСКО во 1988-ма година, познат и како мала Франција е најсликовит дел на Стразбур изобилува со шарени градби од дрво кои се градени помеѓу 16-ти и 17-ти век, со покриени мостови и одбранбени кули од 13-ти век. Слободно попладне. Ноќевање.

 

 

 

Ден 3 08.Октомври.2017 Стразбур – Фрајбург – Колмар – Риквир – Стразбур

Појадок. Целодневен факултативен излет во Алзас. Поаѓање кон градчето Фрајбург кој го носи епитетот бисерот на Шварцвалд. Иако за време на Втората светска војна бил сосема уништен, полека и прецизно е реставриран до последниот детал, па денес важи за еден од најубавите средновековни градови во Европа. Прошетка по главниот плоштад со катедралата Мунстер и камбанаријата висока 116 метри, познатата трговската зграда од 16-ти век со темноцрвена фасада, градското собраниеод 16-ти век, плоштадот на Аугистините со манастирот каде има скали налик на познатите Шпански скали во Рим. Слободно време. Продолжување на патувањето го градчето Колмар, сместено во подножјето на планината Вогези на реката Лаух, која со канал е поврзана со Рајна. Поради многубројните мостови, канали и преубави плоштади се нарекува мала Венеција. Стариот и зачуван средновековен центар на градот од 9-ти век е главна туристичка атракција која привлекува огромен број на туристи. Во старите дрвени градби се наоѓаат цркви, продавници, сувенирници, кафулиња, ресторани... Религиските и културни знаменитости во Колмарсе протегаат низ многувековната Германско-Француска историја. Слободно време во историскиот центар на градот: црквата Свети Мартин, Доминиканска црква, куќата Пфистер, квартот Танеурс, музејот Бартолди, музејот Унтерлинден.. Патувањето продолжува до селото Риквир едно од најубавите села во Франција со годишна посетеност од околу милијон туристи. Тесните улички потсетуваат на сценографија за некој филм чие дејство се одвива во средниот век. Интересни се кулата на северната капија од 13-ти век, црквата од 14-ти век, станбените згради кои потекнуваат од 16-ти и 17-ти век. Слободно време. Продолжување на патувањето до местото Оршвилер каде се наоѓа дворецот Висок Кенингсбург изграден во 12-ти век на стратешкото место во планината Вогези одма над рамнината Алзас, користен е како утврдување до 17-ти век. Реставриран е по налог на германскиот цар Вилхелм II, а денес е една од најголемите туристички атракции во тој регион.Враќање во Стразбур. Ноќевање.

 

 

 

09.Октомври.2017 Стразбур – Хајделберг –Баден Баден - Стразбур

Појадок. Целодневен факултативен излет до Хајделберг, романтично градче сместено на реката Некар. Атракција е ренесансниот замок на брдото над градот кој спаѓа меѓу најимпресивните објекти во Германија и опстојува повеќе од 700 години, се вбројува во топ 10 најпопуларни европски знаменитости со повеќе од 3 милиони туристички посети годишно. Градот е седиште на една од најстарите образовни институции во Европа – Универзитетот Руперт-Карл, основан во 1386-та година. Панорамско разгледување на градот: Карловата капија 18-ти век, Замокот Хајделберг 14-ти век, Градското собрание од 14-ти век, стариот градски плоштад, стариот мост на Некар долг 200 метри од 18-ти век, готската црква на Свeтиот Дух од 14-ти век, Универзитетската четврт, Алејата на филозофите со најубав поглед на стариот дел на градот. Патувањето продолжува до Баден-Баден, кое се наоѓа во подножјето на Шварцвалд, на реката Ос и птретставува вистинска оаза на Германската култура и историја. Во градот се наоѓаат 14 термални извори, познати по сбоите лековити својства, па затоа и градот е идеално место за бански туризам. За неговото славно минато светочат големите раскошни палати и вили со прекрасно уредени паркови и 3 километри долгото шеталиште. Враќање во Стразбур. Ноќевање.

 

 

 

10.Октомври.2017 Стразбур – Базел – Скопје

Појадок. Слободно време до поаѓање за Базел или можност за факултативно крстарење по каналите на Стразбур. Заминување за Базел, прошетка низ градот. Трансфер до аеродром. Лет на Визер во 20:50 часот. Пристигнување во Скопје во 23:05 часот.

 

 

 

СПЕЦИЈАЛНА ПОНУДА:

299€ (18.550,00мкд)

За уплати до 31.Јули.2017


Цена на аранжманот:

359€ (22.260,00 мкд)

 

 

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

- Авионски билет на релација Скопје – Фридрихшафен / Базел –Скопје

- Мала кабинск торба со димензии 42х32х25цм

- Сите трансфери по програмата со автобус

- Сместување во хотел Cerise во околината на Стразбур, на база 4 ноќевања со појадок

- Организиран разглед на Стразбур

- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

 

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

- Аеродромски такси 4.900,00мкд.

- Голема кабинска торба 1.500,00мкд (со димензии 56х45х25цм)

- Чекиран багаж (куфер со макс.тежина 23кг) 3900мкд.

- Туристичка такса 560мкд (се плаќа во агенција)

- Крстарење по каналите на Стразбур ____

- Целодневен факултативен излет до Фрајбург, Колмар, Риквир (пријавување во агенција при уплата/резервација) 75€

- Целодневен факултативен излет до Хајделберг и Баден-Баден (пријавување во агенција при уплата/резервација) 75€

- Влезници за локалитети и културно-историски споменици

- Доплата за еднокреветна соба 5.200,00мкд

- Задолжително патничко осигурување (инфо во агенција)

 

 

 

НАПОМЕНИ:

- За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници.

- За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 20 патници.

- Организаторот го задржува правото на промена во програмата во случај на промена на лтовите од авиокомпанијата.

- За овој аранжман важат Општите Услови на патување на СКТМ.

- Цените се дадени во Евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62,00 денари.

Пасошот треба да има важност минмум 3 МЕСЕЦИ од завршувањето на патувањето.

 

 

МОЖНОСТ ЗА ПЛАЌАЊЕ НА РАТИ!!!

Галерија
ПРЕБАРАЈ ПОНУДИ
Во Франција, на исток заграден со планинскиот масив Вогези, а на запад со Германија, се наоѓа регионот АЛЗАС. Историјата, пејсаѓот и културата на овој дел од Франција пленат со својата убавина, разновидност...
Апартманите МАРТА се наоѓаат во централниот дел на Ханиоти наспроти влезот на хотел Сосурас, оддалечени околу 50-60 метри од плажа.
Лефкада или Лефкос е остров во Јонското Море, поврзан со копното со автопат. Лефкада спаѓа меѓу поголемите острови во Грција. Во насока север-југ е долг 35 километри, додека исток-запад, преку 15 километри.
Плоштадот Дам, Кралската палата и Споменикот на соединетите холандски провинции, Музејот на Мадам Тисо, Кулата Мунт, Пловечкиот цветен пазар, старата пицница Хајнекен, Новиот градски кварт...
Понуди на вашиот Е-Маил
Има моментално присутни.