Прага - 8-ми март - автобус 29.01.2016

 

 

 

 

 

ПРАГА, ДРЕЗДЕН и ВИЕНА

 

 

Автобус / 5 дена / 3 ноќевања

 

 

 

08.Март (Четврток) СКОПЈЕ - ПРАГА

Состанок на групата на паркингот спроти хотел Holiday Inn во 13.00 часот. Тргнување за Прага во 13:30 часот. Се патува преку Србија. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

 

09.Март (Петок) ПРАГА

Пристигнување во Прага околу пладне. Панорамски разглед на градот со стручен локален водич: Старо место: Карловиот мост, споменикот на Карло IV, Вацлавскиот плоштад, Староградскиот плоштад со познатиот астрономски часовник - Орлој, градската куќа, Тунската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка, Прашката кула, Универзитетот на Карло IV, Националниот музеј, Горниот град: Дворецот Храдчани,Катедралата Св. Вито, Претседателската палата... Сместување во хотел. Ноќевање.

 

10.Март (Сабота) ПРАГА - КАРЛОВИ ВАРИ

Појадок.Факултативен излетдо Карлови Вари, најпознатиот бањски центар во Чешка, популарно одморалиште на европската аристократија и културна елита од 19-ти Век. Можност за посета на еден од 12-те извори, прошетка покрај нео-ренесансните колонади, паркови, кафеани. Надалеку познати се локалните производи од порцелан, стаклото "мосер", како и ликерот "беќеровка". Враќање во Прага во попладневните часови,факултативно крстарење со брод по реката В‘лтава. Ноќевање.

 

11.Март (Недела) ПРАГА – ДРЕЗДЕН

Појадок. Препорачуваме целодневен факултативен излет до Дрезден. Дрезден е четвртиот по големина, урбан град во Германија, после Берлин, Хамбург и Келн. Прв пат се именува како град во 1206 година. Поради своето изонредно културно значење исто така се нарекува Фиренца на Елба. Во овој град застапени се многу барокни градби: Операта Земпер, Палатата Цвингер (во која има 5 музеи), протестантската Богородична црква, римокатоличката Дворска црква, Резиденционалната палата (денешниот државен музеј каде се чува Зелениот трезор), палатата Ташенбер (денешен хотел Кемпински), делот на некогашниот градски ѕид, Августовиот мост... Враќање во Прага во вечерните часови.Препорачуваме посетна на национален ресторан – пивница. Ноќевање.

 

12.Март (Понеделник) ПРАГА - ВИЕНА - СКОПЈЕ

Појадок. Патувањето продолжува кон Виена. Панорамски разглед на градот: Рингштрасе, Oперата, Парламентот, Музејот на современа уметност, Градската палата, Универзитетот, палатата Белведере, црквата Вотив, зимскиот дворец Хофбург. Слободно попладне до тргнување за Скопје во попладневните часови. Ноќно возење преку Унгарија и Србија со куси попатни паузи. Пристигнување во Скопје следниот ден (13март) во предпладневните часови.

 


Цена во претпродажба до 25 Јануари:

8.620,00 денари..... 139€


ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:

9.240,00 денари....... 149€

 

 

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Превоз со модерен туристички автобус на наведената релација

  • Сместување во хотел 3* Прага на база 3ноќевања со појадок

  • Организиран разглед на Прага

  • Организиран разглед на Виена

  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето


ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Крстарење по В’лтава 15 евра

  • Факултативна посета на Дрезден 30 евра

  • Излет до Карлови Вари 25 евра

  • Задолжително патничко-здравствено осигурување

  • Вечера во национален ресторан – пивница


Напомена:

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници.

  • Факултативните излети се уплатуваат првиот ден од патувањето како би можеле истите технички да се реализираат !

  • За факултативните излети најдобро е да се изјасните во агенцијата при уплата на аранжманот .

  • За овој програм важат Опшите Услови на патување на СКТМ.

  • Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд. При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот на аранжманот како авансна уплата. Остатокот од аражманот се доплатува на 7дена пред поаѓање.


Општи напомени за патување:

  • Т.А.Магелан Травел Сервис го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата. Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.


Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето!!!

Галерија
ПРЕБАРАЈ ПОНУДИ
СПЕЦИЈАЛНА ПОНУДА !!! Нов 5-ѕвезден хотел во подножјето на Пирин планина. Луксузниот стил создава пријатна,спокојна и опуштена атмосфера. Идеално место за опуштање со своите два ресторани, лоби барот и СПА Центарот.
Срцето на Краков, дворецот Wawel, катедралата Св.Станислав и Вацлави и кралевскиот дворец од XIV век. Пешачкиот дел опфаќа разглед на главниот плоштад и еден од најголемите средновековни плоштади во Европа, каде се наоѓаат споменикот на Адам Мицкјевиќ познат полски поет, готската црква Св. Марија, Флоријанкса улица, Еврејскиот дел Казимерц...
Будимпешта, убавица на Дунав - споменикот на Милениумот, операта, улиците Ваци, Андраши, Ракочи, парламентот, црквата Св. Стефан, мостовите на Дунав, Будим, Цитаделата, Кралската палата...
Истанбул, приказна од Ориентот - Аксарај, Бејазитовата џамија, Универзитетот, Лалели Џамијата, Римскиот Аквадукт, Златен Рог, Хотелот Пера Палас (каде Агата Кристи го напишала светски познатиот роман Ориент Експрес), плоштадот Таксим, Бешикташ стадионот, Галата кула, Египетскиот пазар, Јени џамија, Рустем Пашина Џамија, Патријаршијата, Фатих џамија...
Грузија е земја на митови и легенди. Во неа според грчките митови Јасон со Арнаутите го пронашол златното руно, а Зевс го приковал Прометеј. Според библиските легенди Новата арка застанала на планината Арарт. Од тројцата синови на Ное, Сем, Хем и Јафет, кои се разделиле кога потопот завршил, Јафет останал на Кавказот.
Понуди на вашиот Е-Маил
Контакт

Улица."27 Март" бр.3
1000 Скопје Македонија

тел/факс: +389 02 / 3132312
тел: +389 02 / 3109448

e-mail:
[email protected]
[email protected]

Има моментално присутни.