Минхен - автобус - 8-ми март 08.02.2012





Минхен со посета на прекрасните БАВАРСКИ ДВОРЦИ

 

 

 

Автобус / 5 дена / 3 ноќевања

 

 

 

08. Март (Четврток) СКОПЈЕ - МИНХЕН

Состанок на групата на паркингот спроти хотел Holiday Inn во 14.00. Тргнување за Минхен во 14.30 часот. Патувањето продолжува со попатни паузи за одмор. Ноќно возење.


09. Март (Петок) ДВОРЕЦОТ ХЕРЕНКИМЗЕ - МИНХЕН

Посета на најголемото баварско езеро Кимзе и возење со брод до “машкиот остров” Херенинсел. Во низата раскошни палати на екстравагантниот крал Лудвиг II, палатата Херенкимзе во рококо стил, е последна подигната на островот, по моделот на Дворецот Версај. Патувањето продолжува кон Минхен, во пладневните часови. Пристигнување во Минхен и сместување во хотел. Слободно време за индивидуални прошетки. Ноќевање.


10. Март (Сабота) МИНХЕН – ДВОРЕЦОТ НИМФЕНБУРГ

Појадок. Панорамски разглед на градот: Карлсплац, Мариенплац, Леолподовата улица, Старата и Нова Пинакотека, Каролиниот плоштад со обелискот, Карловиот плоштад, Црквата Св. Михаел, Фраункирхе, Старата градска куќа (Ратхаус), Кралската пивница, Музејот на BMW, Олимпискиот комплекс, Фудбалската арена Алианс, Музејот на Германија... Прошетка до барокниот дворец Нимфенбург, летната резиденција на Баварските владетели. Вечерта, факултативна посета на една од најпознатите пивници во Европа, со традиција стара 400 години, со традиционалната Баварска храна, Баварско пиво и плех музика. Ноќевање.

 

11. Март (Недела) ДВОРЕЦОТ НОЈШВАНШТАЈН – ДВОРЕЦОТ ЛИНДЕРХОФ - ОБЕРАМЕРГАУ

Појадок. Посета на бајковитиот дворец Нојшванштајн, изграден на карпа, во стилот на старогерманските витешки замоци. Овој дворец е инспирација на Волт Дизни за изработување на препознатливата “шпица” на бројни цртани филмови. Посетата продолжува кон најрепрезентативниот Линдерхоф - дворец на Лудвиг II, изграден во времето на Максимилијан II, за потребите за лов на Кралското семејство. Подоцна Лудвуг II, искажувајќи ја максимално својата екстраваганција, овој дворец го преуредил во “рококо” стил и целосно ги позлатил своите одаи. По разгледот на средновековните раскошни дворци, прошетката продожува кон градот Фусен и романтичниот Хоенлос или Оберамергау – место познато по традиционалната манифестација “Христовото Страдание на патот на Голготата”, во која припрема учествуваат сите мештани. Враќање во хотел во вечерните часови. Ноќевање.


12. Март (Понеделник) МИНХЕН – САЛЗБУРГ - СКОПЈЕ

Појадок. Патувањето продолжува кон Салзбург. Можност за посета на волшебниот Музеј на кристалниот свет на Сваровски во Ватенс. Разглед на градот на Моцарт: дворецот Мирабел, Моцартовата куќа, улицата Гетреидегасе, Стариот Плоштад, Моцартовиот Плоштад, Салзбуршката катедрала (во која е крстен Моцарт), надбискупската резиденција, Кулата со прочуените немузикални звона, најстарата кафана во Европа од VIII век. Слободно време за посета на слаткарница со познатите Салзбуршки колачи и Моцарт кугли. Тргнување за Македонија. Ноќно возење со кратки попатни паузи. Пристигнување во Скопје наредниот ден во пладневните часови.

 

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:

189 евра (11.710 денари)

 

 


ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

- Превоз со модерен туристички автобус на наведената релација

- Сместување во Хотел 3* во Минхен на база 3 ноќевања со појадок

- Организиран разглед на Минхен и Салзбург

- Организација на аранжманот со лиценциран придружник на патувањето

 

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

- Влезници во Дворците Нојшванштајн,Линдерхоф и Херенкимзе и карта за брод по езерото Кимзе(вкупно 45 евра)

- Вечера во традиционална Баварска пивница

- Влезница во Музејот на Сваровски

- Задолжително патничко-здравствено осигурување


НАПОМЕНИ:

- За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници

- Пријавување за факултативните излети при резервација на аранжманот!

- Плаќањето се врши исклучиво во денарска протввредност 1 евро = 62 денари

- Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето

- Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на реализација на програмата

- Организаторот го задржува правото на промена на цените на факултативните излети во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите.

- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ



Галерија
ПРЕБАРАЈ ПОНУДИ
СПЕЦИЈАЛНА ПОНУДА !!! Нов 5-ѕвезден хотел во подножјето на Пирин планина. Луксузниот стил создава пријатна,спокојна и опуштена атмосфера. Идеално место за опуштање со своите два ресторани, лоби барот и СПА Центарот.
Срцето на Краков, дворецот Wawel, катедралата Св.Станислав и Вацлави и кралевскиот дворец од XIV век. Пешачкиот дел опфаќа разглед на главниот плоштад и еден од најголемите средновековни плоштади во Европа, каде се наоѓаат споменикот на Адам Мицкјевиќ познат полски поет, готската црква Св. Марија, Флоријанкса улица, Еврејскиот дел Казимерц...
Будимпешта, убавица на Дунав - споменикот на Милениумот, операта, улиците Ваци, Андраши, Ракочи, парламентот, црквата Св. Стефан, мостовите на Дунав, Будим, Цитаделата, Кралската палата...
Истанбул, приказна од Ориентот - Аксарај, Бејазитовата џамија, Универзитетот, Лалели Џамијата, Римскиот Аквадукт, Златен Рог, Хотелот Пера Палас (каде Агата Кристи го напишала светски познатиот роман Ориент Експрес), плоштадот Таксим, Бешикташ стадионот, Галата кула, Египетскиот пазар, Јени џамија, Рустем Пашина Џамија, Патријаршијата, Фатих џамија...
Грузија е земја на митови и легенди. Во неа според грчките митови Јасон со Арнаутите го пронашол златното руно, а Зевс го приковал Прометеј. Според библиските легенди Новата арка застанала на планината Арарт. Од тројцата синови на Ное, Сем, Хем и Јафет, кои се разделиле кога потопот завршил, Јафет останал на Кавказот.
Понуди на вашиот Е-Маил
Контакт

Улица."27 Март" бр.3
1000 Скопје Македонија

тел/факс: +389 02 / 3132312
тел: +389 02 / 3109448

e-mail:
[email protected]
[email protected]

Има моментално присутни.