Виена - 8-ми Март - автобус 29.01.2016

 

 

 

 

 

В И Е Н А

 

 

Автобус / 5 дена / 2 ноќевања

 

 

08. Март (Четврток) СКОПЈЕ - ВИЕНА

Состанок на групата на паркингот спроти Хотел Holiday Inn во 16.00 часот. Тргнување за Виена во 16.30 часот. Се патува преку граничен премин Табановце и Србија, Унгарија. Ноќно патување со попатни паузи за одмор и царински формалности.

 

09. Март (Петок) ВИЕНА

Пристигнување во Виена во претпладневните часови. Панорамски разглед на градот: Рингштрасе, Катедралата Св. Стефан и Штефанплац, Бургтеатар, Музејскиот кварт, Палатата Хофбург, Дворецот Белведере, Операта, Гратското Собрание Ратхаус, Катедралата Фотиф, Парламентот, Универзитетот... Сместување во хотел. Слободно попладне за индивидуални прошетки. Ноќевање.

 

10. Март (Сабота) ВИЕНА - ШЕНБРУН

Појадок. Факултативна посета на Кралскиот Дворец Шенбрун, летната резиденција на Франц Џозеф. Посетена од милиони туристи годишно, палатата заедно со паркот е најголемата туристичка атракција во Виена, под заштита на УНЕСКО. Слободнo време за прошетка по познатата улица Mariahilferstrasse. Факултативно-посета на Дунавската Кула. Во вечерните часови, идеална можност да се проба вистинска виенска шницла во некој традиционален ресторан. Ноќевање.

 

11. Март (Недела) ВИЕНА - СКОПЈЕ

Појадок. Можност да се почувствува атмосферата на виенските кафулиња во неделното утро, со кафе и захер торта. Попатна посета на големиот шопинг центар Пандорф со над 170 брендови…Патувањето продолжува кон Македонија. Ноќно возење со попатни паузи за одмор. Пристигнување во Скопје следниот ден во претпладневните часови.

 

 

 

Цена во претпродажба до 25 Јануари:

8.620 денари (139 евра)


ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:

9.240 денари (149 евра)

 

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Превоз со модерен туристички автобус на наведената релација

  • Сместување во Хотел 3*** во Виена на база 2 ноќевања со појадок

  • Организиран разглед на Виена

  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето.


ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Влезници во музеите и културно – историските споменици

  • Посета на Шенбрун со вклучена влезница 30 евра

  • Посета на Дунавска Кула 15 евра

  • Посета на Национален ресторан Гринцлингх 30 евра

  • Задолжително патничко-здравствено осигурување


НАПОМЕНИ:

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници.

  • Факултативните излети се уплатуваат првиот ден од патувањето како би можеле истите технички да се реализираат !

  • За факултативните излети најдобро е да се изјасните во агенцијата при уплата на аранжманот .

  • За овој програм важат Опшите Услови на патување на СКТМ.

  • Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд. При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот на аранжманот како авансна уплата. Остатокот од аражманот се доплатува на 7дена пред поаѓање.


Општи напомени за патување:

  • Т.А.Магелан Травел Сервис го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.

Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.

 

Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето!!!



Галерија
ПРЕБАРАЈ ПОНУДИ
СПЕЦИЈАЛНА ПОНУДА !!! Нов 5-ѕвезден хотел во подножјето на Пирин планина. Луксузниот стил создава пријатна,спокојна и опуштена атмосфера. Идеално место за опуштање со своите два ресторани, лоби барот и СПА Центарот.
Срцето на Краков, дворецот Wawel, катедралата Св.Станислав и Вацлави и кралевскиот дворец од XIV век. Пешачкиот дел опфаќа разглед на главниот плоштад и еден од најголемите средновековни плоштади во Европа, каде се наоѓаат споменикот на Адам Мицкјевиќ познат полски поет, готската црква Св. Марија, Флоријанкса улица, Еврејскиот дел Казимерц...
Будимпешта, убавица на Дунав - споменикот на Милениумот, операта, улиците Ваци, Андраши, Ракочи, парламентот, црквата Св. Стефан, мостовите на Дунав, Будим, Цитаделата, Кралската палата...
Истанбул, приказна од Ориентот - Аксарај, Бејазитовата џамија, Универзитетот, Лалели Џамијата, Римскиот Аквадукт, Златен Рог, Хотелот Пера Палас (каде Агата Кристи го напишала светски познатиот роман Ориент Експрес), плоштадот Таксим, Бешикташ стадионот, Галата кула, Египетскиот пазар, Јени џамија, Рустем Пашина Џамија, Патријаршијата, Фатих џамија...
Грузија е земја на митови и легенди. Во неа според грчките митови Јасон со Арнаутите го пронашол златното руно, а Зевс го приковал Прометеј. Според библиските легенди Новата арка застанала на планината Арарт. Од тројцата синови на Ное, Сем, Хем и Јафет, кои се разделиле кога потопот завршил, Јафет останал на Кавказот.
Понуди на вашиот Е-Маил
Контакт

Улица."27 Март" бр.3
1000 Скопје Македонија

тел/факс: +389 02 / 3132312
тел: +389 02 / 3109448

e-mail:
[email protected]
[email protected]

Има моментално присутни.