Минхен - 8-ми Март - авион 25.01.2016





 

 

 

 

 

 

МИНХЕН со прекрасните БАВАРСКИ ДВОРЦИ


 

 

 

 

АВИОН / 4 дена / 3 ноќевања


 

 

Минхен е трет по големина град во Германија веднаш позади Берлин и Хамбург. Лежи на реката Изар на падините на Алпите. Во средината на 19ти век го доживеал своето златно доба под управа на Лудвиг I и неговиот син Максимилијан II. Во тоа време се изградени многу чудесни градби, а Минхен станал центар на германската култура и уметност.

Чудесните дворци Нојшванштајн, Линденхоф се наоѓаат во шумовитиот алпски амбиент на јужна Германија. Изградени се од младиот и ексцентричен крал Лудвиг II (1845-1886) кој бил опседнат со желбата да гради луксузни и необични палати.

 

 

 

10/03 СКОПЈЕ – МИНХЕН

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 12.00 часот. Летот со Визер за Меминген полетува во 13:40 и слетува во 15:45 часот. Организиран трансфер од аеродромот до хотелот во Минхен. Сместување во хотел. Вечерта, факултативна посета на една од најпознатите пивници во Европа, со традиција стара 400 години, со традиционална Баварска храна и пиво. Ноќевање.

 

 

11/03 МИНХЕН

Појадок. Панорамски разглед на градот: Главниот плоштад Мариенплац со старата и новата градска куќа во неоготски стил, Градската камбанарија со своите 43 камбани, Богородичната црква (15 век) со двете кули во кои се погребани владетелите на Баварија, Кралската Палата, пивницата Hofbrauhaus, Старата и Нова Пинакотека, плоштадот Одеон, Кралскиот плоштад... Прошетка до барокниот дворец Нимфенбург, летната резиденција на Баварските владетели. Во него се родил Лудвиг II, овој дворец со прекрасна градина е изграден во 1664г. и прошируван во неколку наврати до 1820г. Најголем интерес во овој дворец привлекува Одајата на Убавината, со триесетина портрети на најубавите жителки на Минхен, а нарачано од кралот Лудвиг I, познат како страствен обожувач на жените. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

 

 

12/03 ДВОРЦИТЕ НОЈШВАНШТАЈН И ЛИНДЕРХОФ - ОБЕРАМЕРГАУ

Појадок. Возење до дворецот Линденхоф - дворец на Лудвиг II (околу 100 км) кој е опкружен со паркови на тераси и павиљони. Изграден во времето на Максимилијан II, за потребите за лов на Кралското семејство. Подоцна Лудвиг II, искажувајќи ја максимално својата екстраваганција, овој дворец го преуредил во “рококо” стил и целосно ги позлатил своите. Тоа е единствен дворец кој е завршен додека бил жив кралот Лудвиг II. Прошетката продожува кон градот Фусен и романтичниот Хоенлос или Оберамергау – место познато по традиционалната манифестација “Христовото Страдание на патот на Голготата”, во која припрема учествуваат сите мештани..Слободно време. Продолжуваме со патување (околу 45 км) до бајковитиот дворец Нојшвајнштајн - изграден на карпа, во стилот на старогерманските витешки замоци. Овој дворец е инспирација на Волт Дизни за изработување на препознатливата “шпица” на бројни цртани филмови. Враќање во Минхен во вечерните часови. Ноќевање.

 

 

13/03 МИНХЕН - СКОПЈЕ

Појадок. Слободно време за индивидуални прошетки и шопинг. Организиран трансфер до аеродромот во Меминген. Авионот за Скопје полетува во 16.30 часот. Пристигнување во Скопје во 18.30 часот на аеродромот Александар Велики.

 

 

 

 

ЦЕНА за уплати до 20.01.2018:

319 евра (19.800 мкд)



ЦЕНА на аранжманот:

359 евра (22.260 мкд)

 

 

 


ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

- Авионски превоз на релација Скопје-Меминген-Скопје

- Кабински багаж (1 торба до 10 кг. со димензии 55х40х23см)

- Организиран трансфер аеродром-хотел-аеродром во Минхен

- Сместување во Хотел 3* во Минхен на база 3 ноќевања со појадок

- Организиран разглед на Минхен

- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

 

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

- Аеродромски такси 3.990 денари

- Доплата за багаж (1парче со тежина до 20 kg) 3.300 мкд

- Екскурзија до Дворците Нојшвајнштајн и Линдерхоф - 75 евра – задолжително изјаснување во агенција !!!

- Туристичка такса - 600 ден, се плаќа на рецепција во хотел

- Влезници во локалитетите, карти за локален превоз

- Патничко – здравствено осигурување

 

 

Важни напомени:

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници.

За реализација на факултативните излети потребен е минмум од 25 особи.

За факултативните излети најдобро е да се изјасните во агенцијата при уплата на аранжманот .

За овој програм важат Опшите Услови на патување на СКТМ и Магелан Травел Сервис.

Начини на плаќање:

Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција. При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот на аранжманот како авансна уплата. Остатокот од аражманот се доплатува на 7дена пред поаѓање.

Патничко и здравствено осигурување:

Магелан препорачува на сите патници да си обезбедат патничко-здравствено осигурување. Препорачуваме да се внимава на условите во полисите, односно истите да ги покриваат сите трошоци ( без франшиза).

Општи напомени за патување: Магелан го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.




Галерија
ПРЕБАРАЈ ПОНУДИ
СПЕЦИЈАЛНА ПОНУДА ГРЦИЈА ЛЕТО 2018!!! Изберете дестинација и термин! Ограничени капацитети! Сместување во студиo/апартман!
Понуди на вашиот Е-Маил
Контакт

Улица."27 Март" бр.3
1000 Скопје Македонија

тел/факс: +389 02 / 3132312
тел: +389 02 / 3109448

e-mail:
[email protected]
[email protected]

Има моментално присутни.