КРФ - ЛЕТО 2017 02.07.2013

 

 

КРФ Лето 2017

 

 

Крф e втор по големина од седумте поголеми Јонски Острови, а воедно и еден од најубавите грчки острови. Крф лежи во Јонско Море, кое е дел од Средоземно Море, а северно се спојува со Јадранско Море. Со таа положба си обезбедува место како најсеверен значаен остров во Грција. Островот Крф со околните острови и гребени чинат посебна општина, која припаѓа на истоимениот округ Крф. Крф се наоѓа на крајниот северозапад на Грција во Јонско Море, 2 km северно од Крф се наоѓа албанскиот брег. Крф е многу поблиску до нејзиниот брег отколку до брегот на Епир (околу 15 km). Јужно од Крф се наоѓаат Пакси и Антипакси (околу 15 km). Зафаќа површина од 614 km2 и население од 102.000. Главен град е Крф, 40.000 жители.

 

ИПСОС

Место Ipsos, низ кое е распослана долгата песочна плажа во најубавиот дел од островот, несомнено оправдано со години се вбројува во најпосакуваните туристички места на Крф. Неговата местоположба, близината до градот Крф и останатите поголеми туристички места како Дасиа, Гувиа, Нисаки и Барбати… го карактеризира како добар избор за летен одмор. Богатата туристичка понуда на сместувачки капацитети, како и на објекти за забава, особено го прават привлечен за оние кои од одморот секогаш очекуваат и нешто повеќе. Изборот на Ипсос и Крф за наша повторна летна дестинација, не е случаен. Долгогодишната соработка со неговите домаќини и задоволството на нашите туристи е императив повеќе, за продолжување на традицијата. Објектите кои се лоцирани во непосредната близина на неговата плажа, нивниот квалитет и поволните цени на туристичките пакети, претставуваат мотив за негов избор.

 

 

Вила АНДРЕАС

Овој комплекс на апартмани се состои од две куќи со надворешен базен и прекрасна зелена околина скриена од очите на останатите туристи, а сепак со многу лесен пристап до главната улица на која на само неколку чекори ќе најдете маркет, ресторан, кафуле… На 300 м. оддалеченост од плажа оваа вила ви овозможува максимално квалитетно да го поминете денот.

Вила Андреас располага со:

9 студија за по 2 лица

4 апартмани за 4 лица (со посебни спални)

Сите апартмани се опремени со кујна, тоалет, сеф, балкон, wi-fi и клима (која не е вклучена во цената и се доплаќа кај самиот сопственик на вилата)

 

 

Вила ЈУЛИАНОС

Релативно новоградба лоцирана во помирен дел на Ипсос, на 600м од плажата.

Вила Јулианос располага со:

3 студија за 2 лица

1 апартман за 4 лица (со посебни спални)

Сите се опремени со сопствена кујна, тоалет, балкон, wi-fi и клима (која не е вклучена во цената и се доплаќа кај самиот сопственик на вилата)

 

 

Вила КРИСТОФЕР

Овој комплекс на апартмани е оддалечен 300 м. од плажа во околина скриена од очите на останатите туристи, а сепак со многу лесен пристап до главната улица и се наоѓа во близина на вилата Андреас. На само неколку чекори ќе најдете маркет, ресторан, кафуле…

Вила Кристофер располага со:

9 студија за 2 лица

2 студија за 3 лица

1 апартман за 4 лица

Сите се опремени со сопствена кујна, тоалет, балкон, wi-fi и клима (која не е вклучена во цената и се доплаќа кај самиот сопственик на вилата)

 

          ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛИТЕ СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАН

                     (7 ноќевања со вклучен автобуски превоз и траект)

TEРМИНИ

ЦЕНА НА АРАНЖМАН

20% со уплата
до 28.02.2017

15% со уплата
до 31.03.2017

10% со уплата
до 30.04.2017

02.06-11.06

129€

103€

110€

116€

11.06-18.06

129€

103€

110€

116€

18.06-25.06

129€

103€

110€

116€

25.06-02.07

149€

119€

127€

134€

02.07-09.07

149€

119€

127€

134€

09.07-16.07

149€

119€

127€

134€

16.07-23.07

209€

167€

178€

188€

23.07-30.07

209€

167€

178€

188€

30.07-06.08

209€

167€

178€

188€

06.08-13.08

209€

167€

178€

188€

13.08-20.08

209€

167€

178€

188€

20.08-27.08

209€

167€

178€

188€

27.08-03.09

209€

167€

178€

188€

03.09-10.09

149€

119€

127€

134€

10.09-17.09

129€

103€

110€

116€

17.09-24.09

129€

103€

110€

116€

24.09-01.10

129€

103€

110€

116€

 

 

 

 

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО:

Поаѓање од Скопје во 23:00часот.

Групата се собира на паркингот наспроти хотелот Холидеј Инн половина час пред времето за поаѓање. Следува ноќно возење преку граничниот премин Богородица, со вклучени попатни паузи на секои 3-4 часа. Препорачуваме добар одмор за време на патувањето со цел зачувување на позитивната енергија за утринските часови кога пристигнуваме на пристаништето во Игуменица, од каде патот го продолжуваме со траект до островот Крф.

 

ДЕН 1

Веќе сте се расониле со првото фрапе кога сино – бистрите води на Јонското Море почнуваат пред вас да ја откриваат Керкира (градот Крф) и вашиот поглед најпрво ќе го привлече старата тврдина која го чува градот.

Од пристаништето во Крф нè очекуваат уште само 20-тина минути пат до нашата крајна дестинација Ипсос, кој на прв поглед ќе ви покаже зошто е врвот на фантастичната атмосфера на островот.

По сместувањето во попладневните часови имате време за одмор и запознавање на околината. Програмата официјално започнува со информативниот состанок на групата, организиран во 19:00 часот, каде што детално ќе биде презентирана програмата за секој ден и секоја вечер, сите активности, екскурзии и останати дополнителни информации, по што доаѓа време за првата епизода од нашата Corfu Saga Vol.3 “summer saga opening” само препуштете се на ритамот кој неосетно ќе ве остави будни до раните утрински часови.

 

ДЕН 2 – 7 ДЕН ПРОГРАМА

ГЛИФАДА – дооолга, песочна и организирана плажа што ќе ве освои со природната убавина уште при првиот поглед низ прозорецот на автобусот. Организираниот целодневен излет до Глифада е дел од нашата програма и е вклучен во цената на аранжманот.

Покрај беспрекорно чистата вода и ситниот златен песок, причина повеќе да не го пропуштите овој излет се и луксузно уредените beach барови, опремени во lounge стил, со вешти шанкери кои подготвуваат тропски коктели за сечиј вкус но да не ја забораваме и зоната chill out, под палмите за оние кои сакаат да го променат темпото.

Глифада ви дозолува денот да го поминете активно на теренот за одбојка, или да се впуштите во водена авантура со некои од спортовите што ги нуди. Или пак да ги наполните батериите уживајки под сонцето на лежалките кои се изнајмуваат за пристојна цена со пијалок.

 

ПАЛЕОКАСТРИЦА и СИДАРИ – ако природниот рај има име тогаш на Крф тоа име е Палеокастрица, место богато со историја, богато со природна убавина, плажа – која од која поубава. Ладната и бистра вода се карактеристични за Палеокастрица која е најпопуларна меѓу нуркачите и истражувачите на морскиот свет. Но, не очајувајте ако нуркањето не е спорт за вас, тука е „Жолтата подморница“ која нуди незаборавно подводно искуство.

На патот кон доживувањето „Палеокастрица“, ќе ја посетиме семејната фабрика за изработка на најразлични производи од овошјето Кумкват, кое расте исклучиво на Крф, во Шпанија и Кина. Оваа фабрика е воедно и музеј и продавница за сувенири каде ќе имате прилика да дегустирате неколку производи од фантастичната палета на алкохолни пијалоци, ликери и слатки. По слатко пикантната дегустација ќе можете да си купите некој од понудените стотици производи кои се најтрадиционалниот сувенир кој го претставува Крф. При нашиот целодневен излет ќе ги посетиме двете градски плажи – едната песочна и популарна, другата со ситни камчиња и погодна за оние кои бараат мир.

Мир ќе најдеме и во 13 века стариот манастир кој гледа на Палеокастрица одвисоко и воодушевува со медитерански шарм. Ќе си направиме и уникатни панорамски слики од местото кое никако поубаво не може да се опише освен со зборовите Bela Vista. Време за релаксација ќе си оставиме на најдоброто место за тоа – La Grota Bar, сместен во прегратките на скалеста плажа, идеална за авантуристите чиј летен предизвик е скок од висина на глава, истовремено исполнување и на сите што мечтаат за опуштена атмосфера, со chill out музика и поглед од милион долари пред себе. Во меѓувреме на располагање се и локалните водичи, најдобрите познавачи на скриените и по копно недостапни плажи на Палеокастрица, кои ќе ве однесат до нив по само едно кратко возење со чамец.

Откако се одморивме со шолја кафе (читај: ладно пиво) турата продолжува кон север на Сидари. Најпознато по легендарниот канал на љубовта Сидари е местото каде природата создала свои траги што ќе се најдат во сечиј фотоапарат. Фантастичните геолошки формации создадени од морето и сонцето ќе ве остават без здив. Но зачувајте енергија, здивот ќе ви треба за да го препливате љубовниот канал, тоа е искуство врзано за Сидари, кое не смеете да го пропуштите.

 

АКВАЛЕНД на Крф е една од најпосетените туристички атракции како и меѓу најдобрите водни паркови во Европа. Покрај многубројните базени, тобогани, ресторани, терени, мрзливата река и други атракции овој акваленд располага и со 50 м слободен пад, рај за жедните за адреналин. STAFF ви обезбедува еднодневен излет во акваленд со вклучен превоз и влезница. За помалку авантуристички расположените ова претпладне имате слободно време за излежување на плажата во Ипсос.

 

ГРАДОТ КРФ низ релаксирана прошетка ќе ве однесе во времето на различни цивилизации и култури меѓу кои најмногу ќе го почувствувате влијанието на Венеција и ќе посведочите на неговите видни траги. Градот на замоците ќе ви раскаже за тешките битки што ги преживеал низ вековите под разни окупаторства, ќе ви ги открие моштите и местото на почивање на својот заштитник св. Спиридон во истоимената црква, ќе ве зашемети со многубројните продавници за сувенири низ лавиринтот од тесни и шармантни улички. По организираната тура преку која ќе ве запознаеме со сите интересни факти за овој град и, воопшто, островот ќе имате слободно време за шопинг, шетање, или пијалак во опуштената и пријателска атмосфера на популарната Спинада – позната по многуте елитни кафулиња и ресторани. Овој излет со организиран превоз и разглед на градот е вклучен во аранжманот. Дуќаните во Керкира веќе затворија, но дискотеките во Ипсос само што започнаа со работа. А ние, пристигнавме точно навреме!

 

BOAT TRIP или ИЗЛЕТ СО БРОД е, всушност, едно целодневно шармантно и релаксирано крстарење по североисточниот брег на Крф. Отпловувајќи од Ипсос утрото го започнуваме со кафе, забавна музика уживање во природата околу нас сè до првата станица за разладување, скокови во вода и пливање низ мистериозна пештера стара 200 години. Крстарењето продолжува до една од многуте диви плажи на оваа страна на островот карактеристични по белиот камен, песок и кристална вода, додека по пат собираме интересни информации за островот, како на пример за вилите на познати и славни семејства и секако работиме на тенот. Паузата на плажа трае доволно да се одмориме од возењето и да наполниме енергија со вкусниот ручек што ни го приготвува капетанот, придружен со пијалак по избор. Продолжуваме со крстарење кон рибарското гратче Касиопи каде ќе имате можност за прошетка, шопинг на уникатни и евтини сувенири или едноставно релаксирање покрај пристаништето и 300 год. старата тврдината Касиопи. На патот назад посетуваме уште едно од најстарите одморалишта на Крф, плажата Нисаки. Ако погледнеме лево пред нас се плажите на Албанија, ако погледнеме десно и имаме среќа, можеби ќе нè поздрави и по некој делфин подготвен за фотографирање.

Кон Ипсос пловиме со зајдисонцето зад грб расположени и спремни за вечерната забава. Не останувајте на брегот и имајте на ум, местата се ограничени 😉

 

ДЕН 8

До осмиот ден веќе го освоивме островот и на нашата Saga Vol.3 и дојде крај. За жал, осмиот ден е последен ден за одмор и можност за збогување со плажата во Ипсос каде ќе оставите многу спомени и сето тоа до претпладневните часови, бидејќи собите се напуштаат најдоцна до 10:00 часот, а попладнето веќе нè чека бродот кој ќе нè врати на копно и на пат кон дома.

ВЕЧЕРНA ПРОГРАМА – ЗАБАВИ

 

MOJITOS COCKTAIL BAR – ќе го запознаете како наш втор дом во кој секоја вечер ќе нè пречекаат насмеани лица, спремни за забава.Овде ќе уживате до утринските часови, забава со ди-џеј, караоке, бикини, хаваи, маски, ПЕНА, коктели и што уште не…. ќе откриете таму :).

Намногу енергија и калории ќе потрошиме на LATINO PARTY во OLEA BAR. Прекрасно место со автентичен изглед и старо маслиново дрво во средина на подиумот. Уште на прв поглед обзема со посебна енергија и атмосфера. Ќе уживате во прекрасните звуци од миксетата на вештиот Дј и ако знаете некој латино чекор ќе се истакнете, ако не тука се стручни луѓе кои ќе ве научат, поткрепени со малку течна храброст .

Некоја вечер ќе оставиме и за закрепнување од журкањето до утрински часови и за опуштена забава на плажа.. Пејачи, гитари и хармоники – сите таленти се добредојдени во ова приватно шоу.

 

 

Aранжманот вклучува:

- 7 ноќевања, 8 дена на Крф/Ипсос 

- Автобуски превоз Скопје – Крф – Скопје

- Траект/брод Игуменица – Крф – Игуменица

- Туристичка такса

- Превоз и прошетка до градот Крф

- Организиран излет со превоз на плажата Глифада

- Придружник за време на патувањето и во текот на 8 дена на Крф, организиран престој и дополнителни бенефиции

 

Aранжманот не вклучува:

- Патничко и здравствено осигурување 250ден.

- Еднодневен излет со брод (крстарење по североисточниот брег со вклучен ручек и пијалак) и посета на неколку плажи

- Еднодневен излет до Палеокастрица и Сидари ( посета на повеќе плажи, туристички атракции и beach барови)

- Посета на Акваленд со вклучена влезница и превоз

- Еднодневен излет со брод (крстарење низ неколку мали острови, посета на плажата Blue Lagoon и посета на градчето Сивота)

- Еднодневен излет со брод (крстарење по југоисточната обала и посета на прекрасните острови Паксос и Антипаксос)

 

Напомени:

За сингл соба се доплаќа плус 70% од редовната цена

За споен термин, се плаќа редовата цена за првиот термин, а се одземаат 20 евра по лице за превозот од редовната цена на вториот термин
(за цените со попуст се намалува само 10 евра по лице)

Тргнувањето со автобус е еден ден порано во однос на термините од табелата

За сопствен превоз се одземаат 20 евра од цената на понудата, а патниците сами го организираат патот со траектот до и од Крф (за цените со попуст се намалува само 10 евра по лице)

Трето лице на дополнителен кревет плаќа 70% од цената (Има можност во вила Јулианос)

Користење само на превоз со вклучена траект карта е 70 евра

За дете до 2 год. бесплатно, не користи кревет и седиште во автобус

За дете од 2 до 11.99 год. на дополнителен кревет се плаќа 50% од цената


 

Галерија
ПРЕБАРАЈ ПОНУДИ
Во Франција, на исток заграден со планинскиот масив Вогези, а на запад со Германија, се наоѓа регионот АЛЗАС. Историјата, пејсаѓот и културата на овој дел од Франција пленат со својата убавина, разновидност...
Апартманите МАРТА се наоѓаат во централниот дел на Ханиоти наспроти влезот на хотел Сосурас, оддалечени околу 50-60 метри од плажа.
Лефкада или Лефкос е остров во Јонското Море, поврзан со копното со автопат. Лефкада спаѓа меѓу поголемите острови во Грција. Во насока север-југ е долг 35 километри, додека исток-запад, преку 15 километри.
Плоштадот Дам, Кралската палата и Споменикот на соединетите холандски провинции, Музејот на Мадам Тисо, Кулата Мунт, Пловечкиот цветен пазар, старата пицница Хајнекен, Новиот градски кварт...
Понуди на вашиот Е-Маил
Има моментално присутни.