Санторини лето 2017 04.04.2014

 

 

 

 

 

 

САНТОРИНИ Лето 2017

 

 

 

Симболот на грчкиот туризам, наречен Санторини, а препознатлив по куќичките од бел камен со плави покриви и е еден од 10-те најромантични дестинации во светот. Како што ќе се доближувате до островот, се потешко е да сфатите дека тој кружен залив, некогаш бил вулканско срце.

 

 

 

Санторини се наоѓа во егејското море и припаѓа на групата острови Киклади. Климата е умерена и е медитеранска. Во текот на летото дувка североисточен ветер познат по името meltemi, а во текот на зимата температурата никогаш не паѓа под 10 степени. Жителите на Санторини претежно се занимаваат со туризам,но и со одгледување на специфични видови на винови лози ,од кои се добива најубавото вино NYCHTERI, со одгледување на добро познатите ситни мали санторински домати кои се со неверојатен вкус и од кои се подготвуваат преубави специјалитети во санторинските таверни. На островот не постојат извори на слатка вода, почвата се наводнува од умерената влага на островот, а водата за пиење е исклучиво флаширана. Главен град на островот е FIRA,на260 м над површината на морето.

 

 


ЦЕНИТЕ СЕ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАН: СМЕСТУВАЊЕ ВО ХОТЕЛ НА БАЗА НОЌЕВАЊЕ СО ПОЈАДОК, АВИОНСКИ БИЛЕТ, ТРАНСФЕР АЕРОДРОМ НА САНТОРИНИ ДО ИЗБРАНИОТ ХОТЕЛ-АЕРОДРОМ.

 

 

Термин на поаѓање

Број на ноќевања

ХОТЕЛ

ALEXANDRA

KAMARI

ХОТЕЛ ZEPHIROS

KAMARI

ХОТЕЛ

PORTO PERISA

ХОТЕЛ MELTEMI VILLAGE PERISA

ХОТЕЛ ODYSSEA

PERIVOLOS

ХОТЕЛ ILIADA PERIVOLOS

ХОТЕЛ ALBATROS KARTERADOS

09-16.06

7 Н/П

399 €

639 €

399 €

549 €

499 €

499 €

479 €

16-23.06

7 Н/П

459 €

679 €

459 €

629 €

569 €

569 €

529 €

23-30.06

7 Н/П

459 €

679 €

459 €

629 €

569 €

569 €

529 €

 

 

 


Линкови од хотелите

 

 

Perivolos:
Hotel Odysseas http://www.odysseassantorini.gr/
Hotel Iliada http://www.iliadasantorini.gr/

 

 

Kamari:
Hotel Zephyros http://www.santorinizephyros.com/
Hotel Polydefkis http://booking.com/defd43d1d2f67e
Hotel Alexandra http://booking.com/eb8b3dc57bdd1c5

 

 

Perissa:
Hotel Porto http://booking.com/fd6b11358555e1cc8 ,
Hotel Meltemi Village – http://www.meltemivillage.gr/

 

 

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

· 7 ноќевања со појадок во хотел по избор од табелата.

· Повратна авионска карта на релација Солун – Санторини – Солун.

· Трансфер на Санторини од аерoдром до избраниот хотел – аеродром.

· Чекиран багаж од 20 кг.

 

 

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

Аеродромски такси – 30 еур
Трансфер Скопје-Солун-Скопје(цената се формира во зависност од бројот на патници)
-трансфер со мини бус Скопје-Солун-Скопје мин.бр на патници 15 ------ 35 еур
-ВИП превоз патничко возило максимум 4 патника 120 еур по правец
-ВИП превоз патничко возило 5 патника 140 еур по правец
-Индивидуален трансфер до аеродром во Солун Грција
Задолжително здравствено патничко осигурување

 

 

 

УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ:

· Термините во табелата се денови на поаѓање и престој.

· Цените во табелата се по лице за 7 ноќевања, во избраниот хотел(ноќевање и појадок)

· Сите попусти за деца и трето лице важат при сместување со две возрасни лица.

· Прво дете до 1.99 год со двајца возрасни во 1/2 соба се сместува бесплатно во Хотел.

· Дете над 1.99 до 5.99 год со двајца возрасни во 1/2 соба се сместува бесплатно плаќа само авио билет и аеродромски такси.

· За трета особа во соба 1/3 соба, се однесува и за дете над 5.99 год и за возрасен добива попуст - 20% од редовната цена по лице дадена во табелата.

· Појадокот е на база шведска маса.

· Бесплатно користење на интернет.

· Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата во хотелот ја надоместува штетата на сопственикот на Хотелот на лице место.

· Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда, да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои предходно го уплатиле аранжманот немаат право на надомест на средства во разлика на цена.

· Во цената на аранжманот вклучено е користење на клима уред. Сопственикот на Хотелот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот уклучен додека сте на плажа или надвор од собата.

· Сместување во собите е после 14 часот по локално време, а напуштање на истите е во 11 часот по локално време.

· Задолжително е да поседувате здравствено и патничко осигурување.

· Цените се изразени во ЕУР за плаќање во денарска против вредност 1еур=62 денари.

 

 

 

НАПОМЕНИ:
Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки, за важечка резервација се смета само со авансна уплата од 40% од целосната сума на аранжманот.
Целосна доплата на аранжманот за оваа дестинација се врши 15 дена пред поаѓање. Термините дадени во табелите се денови на поаѓање и престој. Поаѓањето е во договор со групата во зависност од часот на полетување на авионот од Солун Грција за Санторини. Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 5 дена пред поаѓање и промена на времето и местото на поаѓање. Ве молиме минмум 24 часа (еден ден) пред секое поаѓање да се информирате за потврда на својата резервација, како и за времето и местото на поаѓање.

 

 

*** Секој патник е задолжен и е негова обврска за важноста на патните исправи и кои неможат да доведат до откажување или менување на термин на резервацијата, за што Магелан Травел Сервис не одговара.




Галерија
ПРЕБАРАЈ ПОНУДИ
Во Франција, на исток заграден со планинскиот масив Вогези, а на запад со Германија, се наоѓа регионот АЛЗАС. Историјата, пејсаѓот и културата на овој дел од Франција пленат со својата убавина, разновидност...
Апартманите МАРТА се наоѓаат во централниот дел на Ханиоти наспроти влезот на хотел Сосурас, оддалечени околу 50-60 метри од плажа.
Лефкада или Лефкос е остров во Јонското Море, поврзан со копното со автопат. Лефкада спаѓа меѓу поголемите острови во Грција. Во насока север-југ е долг 35 километри, додека исток-запад, преку 15 километри.
Плоштадот Дам, Кралската палата и Споменикот на соединетите холандски провинции, Музејот на Мадам Тисо, Кулата Мунт, Пловечкиот цветен пазар, старата пицница Хајнекен, Новиот градски кварт...
Понуди на вашиот Е-Маил
Контакт

Улица."27 Март" бр.3
1000 Скопје Македонија

тел/факс: +389 02 / 3132312
тел: +389 02 / 3109448

e-mail:
[email protected]
[email protected]

Има моментално присутни.